Црква „Св. Никола“ - Ниверо
црква во Ниверо, Нигритско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου — црква во селото Ниверо, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Претставува парохиски храм на селото.[1]
Во 1920-тите во селото се доселиле 200 грчки семејства и ја изградиле црквата „Св. Никола“. Иконата „Пресв. Богородица Вратарница“ датира од 1930 г. Храмот е повеќепати преуредуван, но постепено станал премал за потребите, па во 1988 г. е подигната велелепна трикорабна базилика со купола. Осветена е на 14 мај 1996 г. од митрополитот Максим Серско-нигритски.
Во парохијата влегуваат и параклисите „Живоносен Извор“, „Св. Илија“ и „Св. Троица“.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads