Ниверо
село во Нигритско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ниверо или Ниверос (грчки: Ίβηρα, Ивира) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населението брои 468 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се ноаѓа во Серско Поле, околу 17 км југоисточно од гратчето Нигрита, крај патот што води од Нигрита до Струмскиот Залив, на надморска височина од 60 м.[2]
Историја
Во Отоманското Царство
За време на османлиско владеење селото било чифлик на светогорскиот манастир Ивирон, поради што било познато и под името Грузиски Метох.[2]
Во XIX век Ниверо било грчко село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Ивиро (Iviro) имало 18 домаќинства со 15 жители муслимани и 40 жители Грци.[3]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Ниверо, чифлик на светогорскиот манастир Ивер; на 8 1⁄2 часа југоисточно од Сер; 12 грчки куќи, 8 македонски. Грчка црква.[4] | “ |
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Ниверо имало 80 жители Грци.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Невирос имало 150 Грци.[6]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело само 4 машки жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 50 лица. Во 1923 г. во Ниверо се доведени 187 бегалски семејства (вкупно 790 бегалци).[2]
Remove ads
Стопанство
Селото е богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини кои даваат и по две реколти годишно. Населението произведува големи количини на памук и други индустриски производи. Внимание му се посветува и на краварството.[2]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1926 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 21,7 квадратен километар.[2] Општината Ниверо била приклучена во општината Черкезќој во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.
Селото припаѓа на општинската единица Черкезќој со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ниверо, во кој е единствено село.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Никола“ — изградена во 1988 г.
Личности
Родени во Ниверо
- Јоргос Гудас (1927-2023) — грчки писател и поет
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads