Црква „Св. Никола“ - Сер

црква во Сер, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Сер
Remove ads

Свети Никола (грчки: Αγίος Νικολάος) — средновековна црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Кратки факти Свети Никола, Место ...

Црквата се наоѓа во Серската тврдина. Подигнатa е во XII век за војниците од серскиот гарнизон. Криптата, која се наоѓа на источната страна, служи како гробишта.

На почетокот на 1913 г. Богдан Филов ја посетил Серската тврдина, спомнувајќи ја и црквата:

Калето е градено од речни камења со малтер без ќерамиди. Освен големата кула, зачувана е уште една помала и многу делови од ѕидините, како и полусрушена византиска црква во облик на крст со падната купола.[2]

Во 1925 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[3]

При ископувањата во 1926 г. најдени се остатоци од фрески и наоди поврзани со епохата на Палеолозите. Во 1937 г. црквата е реставрирана врз остатоците на црква од XVII век, но архитектонскиот облик е изменет и реставрацијата се смета за неуспешна.[4][5]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads