Црква „Св. Никола“ - Трница
црква на Трничкиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола — манастирска црква на Трничкиот манастир.[1]
Remove ads
Историја
Иницијативата за градбата на оваа црква започнала во 1995 година, за по 17 години цеквата да биде целосно завршена и на 20 мај 2012 година да биде осветена.[2]
Архитектура
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида во задниот дел. Таа се состои од два дела. Првиот е нешто понизок и го опфаќа влезниот простор на црквата. Тој во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров над кој се издига камбанаријата која има квадратна основа. Кон него води врата од метални решетки над која е испишан називот на манастирот. Внатрешноста на овој дел е уредена со лустер на таванот, а над влезната врата од црквата има полукружна икона со ликот на Свети Никола. Во вториот дел е сместен главниот простор на црквата и истиот претставува продолжение на првиот. Тој во целост е изграден од камен и има по една монофора на страничните ѕидови, како и на четири од осумте страни од куполата. Двата дела на црквата се покриени со лимен кров, вклучувајќи ги и камбанаријата, куполата и апсидата.
Remove ads
Галерија
- Апсидата на црквата
- Апсидата со источната страна
- Влезната врата на црквата
- Предниот дел од црквата
- Иконата над влезната врата од црквата
- Јужната страна на црквата
Поврзано
- Трнички манастир
- Гостиварско архијерејско намесништво
- Мавровска парохија
- Трница
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads