Смилевски манастир
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Петар и Павле (често само Св. Петар) или Смилевски манастир — манастир во демирхисарското село Смилево. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Манастирoт е сместен на неколку километри високо над Смилево. Црквата е изградена во средината на XIX век. Важи за богат манастир — малку обработливо земјиште, но многу шуми, пасишта, кози и овци.[1]
Во средината на XX век, по смртта на игуменот Петар (Петре) манастирот се запустил и црквата пропаднала во урнатини.[1] Мештаните ја оствариле неговата последна желба црквата да биде возобновена.[2] Денешната манастирска црква е изградена во 1983 – 1984 година врз темелите на старата. Претставува крстокуполен храм со камбанарија на запад.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads