Црква „Св. Петка“ - Песодер

црква во Песодер, Леринско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Петка“ - Песодерmap
Remove ads

Света Петка (грчки: Ιερός Ναός Αγίας Παρασκευής) — црква во селото Песодер, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Кратки факти Света Петка, Место ...

Точната година на изградба е непозната. Храмот е обновен во 1848 г.[3] Најраните икони во него се од 1730 г., видливо од долниот лев дел на царските двери. Сепак, дверите веројатно се донесени од постара црква. Самата црква е во облик на проста камена трикорабна базилика со машки влез од север и женски влез од запад. Во 1906 г. од северозападната страна е изградена камбанарија по нарачка на архимандритот Модест; таа е од камен и висински поделена на три дела. Уметничка вредност имаат иконостасот, амвонот и владичкиот престол, кои се резбани. Над столбовите има фрески со светци.[1] Иконата „Христос Голем Архијереј“ (1849) е дело на браќата зографи Васил и Јован од јанинското село Воштина и потпишана „χειρ Βασιλείου και Ιωάννου των αδελφών“.[4]

Во параклисот „Св. Харалампиј“ сместен во дворот на црквата во 1904 г. е погребана главата на големогрчкиот деец Павлос Мелас, која таму останала три години.[3]

Во 1962 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[5]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads