Црква „Св. Преображение“ - Ербеле

црква во Ербеле, Дебарско, Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Преображение“ - Ербелеmap
Remove ads

Преображение Христово или Свети Сотир (албански: Kisha e Shpërfytyrimit или Shën Sotiri) — црква во селото Ербеле, Дебарско, денес во Албанија. Влегува во состав на Тиранско-драчката епархија на Албанската православна црква.

Кратки факти Свето Преображение, Место ...

Градбата претставува едноставна еднокорабна базилика со дрвен покрив.[1] Во 1970 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[1][2]

Фреските се аматерски реставрирани. Сите натписи на фреските се словенски. Во апсидата е претставена Света Богородица Влахернска со Христос во медалјон. Под неа се двајца архиереи во богослужба со свитоци. Благовештението и светите ѓакони се претставени на источниот ѕид. Ликови на јерарси има на јужниот ѕид на олтарот. Во наосот, долниот регистар е зафатен со претстави на светители во цел раст под живописани ниски лакови. Во средниот дел се прикажани медалјони со светци до крстот, а во горниот некогаш имало христолошки сцени, но тие не се зачувани.[1]

Изразноста е типична за духовните центри на Охридската архиепископија во Западна Македонија од крајот на XIV век, во времето на последните христијански владетели во областа, Андреја Гропа и браќата Музака.[1] Живописот потсетува на тој на црквите „Пресв. Богородица Пројавена“ (ок. 1400) и „Св. Андреја Русулски“ (1441/2) во Костур, како и на првичниот во „Св. Петка“ (1414) во селото Горно Маало (Монодендри), Епир. Иако припишувањето на фреските на зограф од западна Македонија е ризично, тие можат да се датираат од периодот 1400–1440 г..[1]

На храмовиот празник 18 август традиционално се собираат Македонците по потекло од Ербеле и соседното село Горно Крчиште, а кои денес живеат во Тирана, Драч, Елбасан, Пешкопеја, Макелари како и во Македонија.[3] Според месна легенда, секоја година на 18 август нешто огнено и црвено се спушта од истоимениот храм „Св. Преображение“ на Крчин кон Ербелската црква.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads