Црква „Св. Преображение“ - Кочани
црква во Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црква Св. Преображение — православна црква во изградба во Кочани, која припаѓа под Кочанското архијерејско намесништво, Брегалничка епархија, МПЦ - ОА.
Remove ads
Местоположба
Црквата е сместена во југозападниот раб на населбата Усова Чешма, во т.н. „Стопански двор“, северно од фабриката „Руен“, источниот дел на Кочани.[1] Северно од црквата е Подрачната зграда „Ѕвездички“ при Детската градинка „Павлина Велјанова“.
Особености
Црковната зграда зафаќа 364 квадратни метри и во неа има приземје и галерија за црковен хор.[2]
Историја
Црквата била почната со изградба во почетокот на мај 2006 година, но претрпувала пауза во градежните зафати.[2]

На 12 февруари 2020, за време на празникот Свети три светители. бил поставен и осветен крстот на куполата на црквата. Осветувањето било извршено од страна на Митрополитот Брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија од Кочанското архијерејско намесништво.[3]
Согласно ноември 2021 година, било поставена топлинската изолација на фасадата и на покривната конструкција.[2]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads