Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Јановени
црква во Јановени, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успение на Пресвета Богородица или Свети Никола Летен (грчки: Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Јановени, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Remove ads
Опис
Црквата е изградена врз постарата „Св. Никола“. Камениот натпис го дава датумот 18 септември 1903 г. — веројатно датумот на изградба.[1] Храмот е уникатен по двојната женска црква — кат за девојките и кат за мажените жени. Внатре има богато изрезбан и насликан иконостас и владички престол.[2] Двокатната камбанарија е изградена во 1903 г. од истите мајстори чие дело е камбанаријата на „Св. Матрона“ во Пилкати.[1] Во црквата има бакарно кандило на кое пишува „Василис Стефос го подарува на Свети Никола 1769. Село Калугер“.[1]
Remove ads
Галерија
- „Јован Крстител“
- „Св. Петар и Павле“, 1827 г.
- Плаштеница Господова
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads