Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Пантелеј
црква во манастирот „Св. Пантелејмон“ во Пантелеј, Кочанско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успение на Пресвета Богородица — постара манастирска црква Пантелејскиот манастир во кочанското село Пантелеј, Македонија.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во западниот дел на селото,[1] од десната страна на асфалтниот пат кој продолжува кон Рајчани.
Историја
Изградена е во 1872 година под водство на игуменот Хаџи Харалампиј (иако самиот манастир е основан во 1864 година).[2]
Во 2002 година црквата е обновена под надлежност на митрополитот Агатангел Брегалнички (подоцна Повардарски) поради оштетеноста на нејзината внатрешност.[2]
Архитектура
Црквата е еднокорабна градба, сместена непосредно до главната црква „Св. Пантелејмон“.
Фрескоживопис
Живописана е истата година кога била изградена (1872 година) од самоковскиот зограф Захариј Доспевски. При обновата во 2002 година, црквата добила нови фрески од зографот Венко Цветков од Скопје.[2]
На црквата има фрески и на западната фасада на црквата.[3]
Икони и иконостас
Од 1872 година потекнуваат иконостасот и иконите.[2]
При обновата во 2002 година е изработен нов резбан иконостас од копаничарот Слободан Димитров од Пробиштип, а фреските и иконите се дело на зографот Венко Цветков од Скопје.[2]
Галерија
- Припратата
- Западната страна
- Внатрешноста
- Иконостасот
- Главниот влез
- Апсидата
- Ниша над влезот
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads