Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ростуше

црква во селото Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ростушеmap
Remove ads

Успение на Пресвета Богородицацрква во долнореканското село Ростуше. Сместена е на неколку стотина метра од селото и до неа води исклучување од десна страна на патот кој води до селото Велебрдо.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Познато е дека црквата била претворена во џамија од страна на муслиманското население на селото некаде во XIX век откако ја распалиле претходната градба и на нејзино место ја изградиле новата. Но, на 30 август 1918 година, џамијата повторно била претворена во православна црква со нејзиното старо име и во неа била служена литургија со 12 свештеници од околните села.[1]

Обновената црква е преосветена на 30 јули 2023 г. од митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски и епископот Партениј Антаниски.[2]

Remove ads

Архитектура

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со две осумаголни куполи со различна големина. На секоја втора страна на обете куполи има по една монофора, доека на преостанатите страни има слепи ниши. Главната влезна врата страна е сместена на западната страна, над неа има празна ниша, а над нишата има слепа трифора во полукружна рамка. Спореден влез во црквата има и од јужната страна, над кој исто така има празна ниша. Слепи ниши се забележуваат на јужниот и северниот ѕид, додека слепи бифори има на ѕидовите од шестаголните крила и над нив. Градбата на источната страна има многуаголна апсида, а на секоја од трите надворешни страни има по една слепа монофора. Црквата е градена од бигор, додека цоклето е од камен. Објектот во целост е покриен со ќерамиди.

Во дворот на црквата се сместени христијанските гробишта.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads