Црна вдовица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црна вдовица
Remove ads

Црна вдовица (латински: Latrodectus) е род на пајак од фамилијата Theridiidae, која содржи 31 признат вид. Заедничкото име пајаци вдовици понекогаш се користи за сите членови на родот поради навиката на женката да го јаде мажјакот по парењето, иако понекогаш мажјаците на некои видови остануваат неизедени по парењето, и можат да оплодат други женки.[1]

Кратки факти Црна вдовица, Научна класификација ...

Пајакот црна вдовица можеби e најпознатиот член на овој род. Вбризгувањето на невротоксичниот отров латротоксин (latrotoxin) од овие видови е релативно опаснo и резултира со состојба на латродектизам (latrodectism), именувана според латинскиот назив на родот. Каснувањето од женката на црната вдовица е особено штетно за човекот, поради нејзините невообичаено големи отровни жлезди. Сепак, каснувањето на црната вдовица ретко убива луѓе.

Remove ads

Видови

Пајаците вдовици можат да се најдат на сите континенти во светот, освен на Антарктикот. Црната вдовица, попозната како “јужна“ (Latrodectus mactans), “западна“ (Latrodectus hesperus) и “северна“ (Latrodectus variolus) може да се најде во Северна Америка, посебно во САД. Исто така, може да се најде и "сив" или "кафеав пајак вдовица" (Latrodectus geometricus) и "црвен пајак вдовица" (Latrodectus bishopi) (Preston-Malfham, 1998). Во Австралија има специфичен вид што се нарекува “црвеногрбен пајак вдовица“ (redback) (Latrodectus hasselti). Африканските видови на овој род понекогаш се познати како “копчести пајаци“ (button spiders).

Америка

Во Северна Америка се среќаваат следните видови:

Thumb
Latrodectus hesperus положува јајце
  • Latrodectus mactans, црна вдовица (понекогаш се среќава како јужна црна вдовица), во топлите региони на САД
  • Latrodectus variolus, северна црна вдовица, од крајниот југоисток на Канада и од јужна до северна Флорида, при што повеќе се среќава на северниот дел.

Во Централна и Јужна Америка се среќаваат следните видови:

Европа, Северна Африка, Блискиот Исток и Западна Азија

Thumb
Женка на Latrodectus tredecimguttatus

Следните пајаци се среќаваат во средоземниот регион, како и во Западна Азија:

Потсахарска Африка и Мадагаскар

Thumb
мажјак на Latrodectus elegans од Јапонија

Јужна, Источна и Југоисточна Азија

Австралија и Океанија

Ширум светот

  • Latrodectus geometricus, кафеава вдовица, сива вдовица, или кафеав копчест пајак, во Африка, САД, Јужна Америка, Австралија. Не е познато од каде потекнува овој пајак; како и да е, најден е на многу топли места во светот.
Remove ads

Црната вдовица како мотив во уметноста и во популарната култура

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads