Црногорска православна црква
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црногорската православна црква или кратко ЦПЦ (црногорски: Crnogorska pravoslavna crkva) е православна црква која делува на територијата на Црна Гора, во Ловќенац во Војводина и во емигрантските заедници на Црногорците. ЦПЦ била обновена во 1993 година на 31 октомври во Цетиње од страна на Антоние Абрамовиќ.[2] Црногорската православна црква како и неколку останати православни цркви не се канонски признати поради политички причини.
![]() |
Оваа статија или некој нејзин дел можеби содржи оригинално истражување или содржина од непроверени извори. Ве молиме да и помогнете на Википедија со додавање на референци. Види страница за разговор за повеќе информации. |
Remove ads
Митрополити 1858 - 1918
По смртта на Његош во 1851 година негов наследник бил кнезот Данило Петровиќ кога Црна Гора станала секуларна држава. Сè до 1858 година не бил избран нов црногорски митрополит. Во 1894 година кнезот Данило I го поставил Никанор Ивановиќ за нов митрополит на ЦПЦ. Воедно, овој нов митрополит бил прв нецрногорски митрополит кој во Котор, а после смртта на Данило I, бил обвинет за неверност кон народот. Братот на Данило I, војводата Мирко Петровиќ, татко на Никола I Петровиќ, го обвинил митрополитот со зборовите:
„ | Неверни сте биле на својот кнез, неверен кон народот, неверен кон својот чин и неверни кон својата совест. | “ |
По ваквите тужби, митрополитот Никанор не се вратил во Црна Гора. Од 1860 година поглаварот на Црногорската православна црква бил именуван од страна на кнезот или кралот Никола Петеровиќ и следни метрополи биле:
Remove ads
Состав на ЦПЦ 1878 - 1918
После победата за време на војната против Отоманското Царство од 1876 до 1878 и големото територијално проширување на црногорската држава, Црногорската православна црква е поделена на две епархии: митрополска или цетињска се центар во Цетиње и захумско-рашка епархија со центар во манастирот Острог во Даниловград.
После ослободувањето на Пеќ за време на Првата балканска војна и кога поголем дел од Косово се припоил кон Кралство Црна Гора се создала и третата епархија - Пеќска.
На чело на ЦПЦ од 1878-1918 биле:
- Митрополска епархија
- Митрополит Иларион Рогановиќ 1876-1882
- Митрополит Висарион Љубиша 1882-1884
- Митрополит Митрофан Бан 1884-1918
- Захумско-рашка епархија
- Митрополит Висарион Љубиша 1876-1882
- Митрополит Митрофан Бан 1882-1884
- Митрополит Митрофан 1884-1908 - само управувал
- Епископ Кирил Митровиќ 1908-1918
- Пеќска епархија
- Епископ Гаврило Дожиќ 1912-1918
Светиот синод на ЦПЦ имал осум членови каде митрополитот бил претседател, а членови биле епископите и секретар.
Remove ads
Обновување
Црногорската православна црква била обновена на 31 октомври 1993 година. Прв поглавар на обновената црква бил Антоние Абрамовиќ, што бил пречекам со бесна реакција на Србите. По смртта на Антоние во 1996 година за нов поглавар на ЦПЦ во 1997 година православните Црногорци го избрале дотогашниот православен парох на цариградскиот патријархат во Рим Мираш Дедеиќ. По поставувањето на чело на ЦПЦ, се преименувал во митрополит Михаило.
Во соборниот храм „Света Петка“ во Софија во 1998 година Михаило бил хиротонизиран за епископ на Црногорската православна црква. Хиротонизацијата ја извршил патријархот Пимен. Оваа хиротонизација ја поддржала и Украинската православна црква - Киевска патријаршија. Поглаварот на ЦПЦ има титула: „архиепископ цетињски и митрополит црногорски“. Овој чин на возобновување на ЦПЦ бил важен дел за националното освестување на Црногорците, што денес резултира со посебна држава и стандардизирање на црногорскиот јазик.
Цркви
Помеѓу поголемиот број на цркви кои се дел од ЦПЦ и под нејзина управа, најзначајни се:
Наводи
Користена литература
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads