Чезаре Бенедети (велосипедист)
италијански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чезаре Бенедети (италијански: Cesare Benedetti; р. 3 август 1987 ) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[1]
Remove ads
Кариера
Бенедети станал професионалец во 2010 година, настапувајќи за екипата Тим НетАп откако е професионалец. Исто така бил член на екипите ГС Гавардо Текмор и Де Нарди како аматер и ја поминал втората половина на сезоната 2009 како стажант во екипата Ликвигас.[2]
Бенедети и Тим НетАп[3] го имале нивното деби на некоја голема трка на Џиро д’Италија 2012,[4] каде Бенедети ги надминал очекувањата на екипата со етапен пласман во првите десет,[5] заземајќи го петтото место на шестата етапа на трката.[6] Бенедети бил дел од бегството на единаесет возачи на почетокот на етапата, но откако се одвоил возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Мигел Анхел Рубијано, Бенедети останал со други тројца возачи до крајот на етапата.
Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2016[7] и за Вуелта а Еспања 2016.[8]
Бенедети ја остварил својата прва поединечна професионална победа на етапата 12 на Џиро д’Италија 2019. Бил дел од бегство составено од 25 возачи на почетокот на етапата, а на крајот ја остварил победата од мал групен спринт враќајќи се во бегството откако отпаднал на последното искачување.[9]
Remove ads
Достигнувања
- 2007
- 2. Гран Премио Спортиви Поденцано
- 3. Трофео Чита ди Бреша
- 3. Трофео ФТП Тапаро
- 4. Гран Премио Индустрија Комерчо Артиџанато - Ботичино
- 4. Тарга д’Оро Чита ди Лењано
- 9. ГП Палио дел Речото
- 2008
- 1. Трофео Едил Ц
- 2. Копа Стињани
- 2. Трофео Филтри
- 3. Милано-Бусето
- 4. Копа Кадути ди Реда
- 5. Трофео Г.С. Гавардо Текмор
- 5. Медалја Оро Анџело Фумагали
- 9. ГП Чита ди Фелино
- 2009
- 2. Трофео Банка Пополаре Пива
- 3. Гран Премио Сан Лујџи
- 6. Краен пласман Џиробио
- 8. Чита ди Конељано
- 9. ГП Инда
- 10. Трофео Еко дел Чизоне
- 2010
- 1. Пломбиер
- 8. Меморијал Филип ван Конингсло
- 2011
- 8. Краен пласман Шлаким Гродов Пјастовских
- 2012
- 1. Етапа 2b (ТТТ) Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
- 2016
- 1.
Планински пласман Тирено-Адријатико
- 7. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
- 10. Трка Руди Алтиг
- 2018
- 3. Краен пласман Околу Словачка
- 2019
- 1. Етапа 12 Џиро д’Италија
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads