Тирено-Адријатико 2016

издание во 2016 година на велосипедската трка Тирено-Адријатико From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Тирено-Адријатико 2016 — 51. издание на велосипедската етапна трка Тирено-Адријатико, која се одржала од 9 до 15 март 2016 година. Претставувала трета трка во сезоната на Светската турнеја.[1]

Кратки факти

Поради откажување на петтата етапа, трката имала шест етапи, со вкупно растојание од 850,8 км.[2][заб 1]

Remove ads

Рута

Рутата за Тирено-Адријатико 2016 била објавена во декември 2015 година во Камаиоре, каде и започнала самата трка.[3][4] Првата етапа претставувала екипен хронометар долг 22,7 километри на брегот. Втората — прва друмска етапа — завршувала на кратко искачување, што ја правело подобна за специјалистите на класиците. Третата и четвртата етапа имале рамни завршници, подобни за спринтерите. Петтата етапа била кралска етапа на трката: вклучувала пет категоризирани искачувања, завршувајќи со 13-километарско искачување на Монте Сан Вичино. Шестата етапа повторно била за спринтерите. Трката завршила во Сан Бенедето дел Тронто петнаесетта година по ред со поединечен хронометар во должина од 10,1 километар за одлучување на завршниот пласман.[4]

Повеќе информации Етапа, Датум ...
Remove ads

Екипи

Бидејќи Тирено-Адријатико е настан од Светската турнеја на UCI, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа на трката.[5] На пет професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.[6]

Сите екипи започнале со максималните осум дозволени возачи, со што главната група била сочинета од 184 возачи.[7][8]

Екипи во Светската турнеја на UCI

Професионални континентални екипи

Remove ads

Етапи

Етапа 1

9 март 2016 Лидо ди Камаиоре, 22,7 км (екипен хронометар)

Етапа 2

10 март 2016 Камаиоре до Помаранче, 207 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 3

11 март 2016 Кастелнуово Вал ди Чечина до Монталто ди Кастро, 176 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 4

12 март 2016 Монталто ди Кастро до Фолињо, 222 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 5

13 март 2016 Фолињо до Монте Сан Вичино, 178 км

Етапата била откажана поради снег.

Етапа 6

14 март 2016 Кастелраимондо до Чепагати, 210 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 7

15 март 2016 Сан Бенедето дел Тронто (поединечен хронометар), 10,1 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...
Remove ads

Поредок

Повеќе информации Етапа, Победник ...
Remove ads

Белешки

  1. Првично биле предвидени 1.019,8 км, растојанието било намалено на 850,8 км по откажувањето на петтата етапа.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads