Черешово (Драмско)
село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Черешово (грчки: Παγονέρι, Пагонери, катаревуса: Παγονέριον, Пагонерион, до 1927 година: Τσερέσοβο[2][3][4]) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со големо мнозинство Македонци и малку Турци, а денес е чисто македонско.[5]
- Статијава се однесува на село во Општина Неврокоп. За напуштеното село во Општина Драма, погл. Черешово (напуштено драмско село).
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на десниот брег на реката Места, на северните падини на планината Боздаг. Лежи северозападно од Драма и североисточно од Зрново.
Историја
Во Отоманското Царство
Во средниот век Черешово било мало селце. До голем пораст на населението дошло во XVIII и почетокот на XIX век кога во Черешово се преселиле жители од околните села кои бегале од турското насилство. Поради ова, селото било големо, но атарот му е исклучително мал; жителите имале земја во околните атари.[6]
Во регистарот на домаќинства од втората половина на XV и почетокот на XVI век во Черешово се заведени 8 лица.[7] Во османлиски даночен дефтер од 1569–70 г. во селото имало 1 жител муслиман, преобратеник од прво поколение, како и 11 христијански семејства.[8] На списокот на немуслимански домаќинства во Неврокопскиот вилает од 13 март 1660 г. Черешово (Черешова) се води како село со 8 немуслимански семејства.[9]
Во XIX век Черешово било македонско-турско село во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Черешеви (Tchéréchevi) е село со 137 домаќинства на 460 Македонци и 25 Турци.[10][11]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Черешово, сместено на стрмнини над десниот брег на Места на подножјата на Боздаг. Од Неврокоп има само 8 часа пат, а од Драма цели 11. Се наоѓа на ЈИ од Неврокоп и служи како граница помеѓу Неврокопско и Драмско. Повеќето одат како ѕидари по Драмско, Скеча и Бугарија. Селаните се бедни. Црква „Св. Богородица“ во која се служи мешано. Училиште со машки и женски ученици сместено во прекрасна трикатна зграда. 30 ученици. 180 куќи; Македонци,[12] 75 Македонци-муслимани. Има и гркомани.[13] | “ |
По 1885 г. во грчкото училиште во селото предавал Атанас од Черешово. По 1903 г. предавал Јоанис Димитријадис, а по 1904 г. учителката В. Пасхали и учителите Г. Зјогас, Георгиос Тријандафилидис, Л. Јоанидис и ќерка му Јоаниду.[14]
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Черешово (Черјашово) било мешано село со 1.100 Македонци христијани и 100 Турци,[10][15] а бројот на македонските куќи изнесувал 170.[16]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска. Дел од турското население е убиено, а дел се спасило во бегство. Подоцна неколку турски семејства се вратиле.[6] По Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 1.092 жители.[5] Населението настрадало и во Првата светска војна, така што во 1920 г. неговиот број се свел на 668 жители.[5]
Во 1918 и 1919 г. дел од македонското население го напуштило селото и се преселило во Неврокоп и околината.[6] Во 1927 г. селото преименувано во Пагонери.[3] Во 1923 г. преостанатите Турци се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1924 г. по крвавиот Трлиски инцидент во Черешово биле сместени 106 македонски бегалци (30-тина семејства). Во 1928 г. селото е попишано со 341 жител, од кои само четири лица (1 семејство) биле грчки дојденци.[4]
Во 1945-46 г. имало нови иселувања во Бугарија кога населенито било принудено да бега од теророт на грчките националисти за да си го спаси животот. За време на Граѓанската војна селаните се повлечени во внатрешноста на земјата, но по војната тие се вратиле во селото.[5] Во следните децении дошло до помасовно иселување во поголемите градови.
Населението произведува тутун, компир, жито и други земојделски култури, а делумно се занимава и со сточарство.[5]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
- Јоаким Граматиков (? – 1919) — револуционер
- Атанас Димитров Карајанев (1866 - 1972) — духовник и општественик, деец на СМЕО
- Велик Бојаџиев (1899 – 1967) — комунист во Бугарија
- Георги Арнаудов (1901 – 1985) — лекар
- Атанас Влахов (Αθανάσιος Βλάχος, Атанасиос Влахос) — гркомански андартски деец, четник на Дукас Гајдаѕис, учествувал во борбите кај Пршово и Крлуково; загинал во 1908 г. во борба со македонски единици[19][20]
- Димитар Пенчев (Δημήτριος Πέντσας, Димитриос Пенцас) — гркомански андартски деец, четник на Константинос Даис (капетан Царас) во 1906–1907 г.[19]
Remove ads
Литература
- Митринов, Г. Данни за антропонимията на с. Черешово, Неврокопско (дн. Драмско) от 1907 г. - Дзяло, кн. 17, 2020. с. 1-19. ISSN 1314-9067
Културни и природни знаменитости
- Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ од 1835 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads