Чероки

домороден народ во југоистокот на САД From Wikipedia, the free encyclopedia

Чероки
Remove ads

Чероки (черокиски: a-ni-yv-wi-ya) — домороден народ од Северна Америка, кои до моментот на доаѓање во контакт со Европејците во 16 век, живееле на територија на денешна источна и југоисточна САД. Повеќето од нив се со сила натерани да се иселат кон запад кон висорамнината Озарк во 1830-те години. Тие се едно од племињата кои се сметале за Пет цивилизирани племиња. Според американскиот попис од 2000 година, тие се најголемото од сите 563 сојузни домородни племиња во САД.[1]

Кратки факти Чероки ᎠᏂᏴᏫᏯ, Вкупен број на населението ...
Remove ads

Познати Чероки

Постојат многумина познати Чероки во американската историја, вклучувајќи го кујунџијата Секвоја, кој го измислил черокиското слоговно писмо.

Џими Хендрикс, гитаристот и пејачот на групата „Џими Хендрикс Експериенс“, има черокиско потекло преку својата баба од страна на мајка му, Нора Роуз Мур.[2] Пијанистот и пејачот Тори Амос исто така има черокиско потекло,[3][4][5] Исто така и Вил Роџерс има черокиско потекло.[6] Американскиот конгресмен Лери МекДоналд од Џорџија, по потекло е Чероки од мајчина страна.

Многумина славни луѓе тврдат дека имаат черокиско потекло, иако не сите од нив можат да го докажат тоа. Меѓу нив се: глумците Кевин Костнер, Џони Деп, Лив Тајлер, Шенон Елизабет, Барт Рејнолдс, Чак Норис, Харизма Карпентер; музичарот Стив Тајлер (од Аеросмит); глумиците Меган Фокс, Кармен Електра и Кетрин Зета Џонс (и покрај фактот што е родена во Велика Британија); пејачот Елвис Присли; пејачките Рита Кулиџ, Тина Тарнер; кошаркарот Чероки Паркс; глумецот Роберт Редфорд и други. Пејачката и глумица Шер се гордеела со своето черокиско потекло од страна на мајка ѝ Џорџија Холт.

Remove ads

Надворешни врски

Организации

Историски документи

Друго

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads