Роберт Редфорд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чарлс Роберт Редфорд Помладиот (англиски: Charles Robert Redford Jr.; 18 август 1936 — 16 септември 2025 ) — филмски глумец и режисер од Соединетите Држави.
Remove ads
Ран живот и образование
Чарлс Роберт Редфорд помладиот бил роден на 18 август 1936 година,[1] во Санта Моника, Калифорнија, од Марта Вудраф Редфорд (родена Харт; 1914–1955), од Остин, Тексас, и Чарлс Роберт Редфорд постариот (1914–1991), сметководител.[2] Тој имал полубрат од таткова страна, Вилијам. Редфорд имал ирско, шкотско и англиско потекло.[3][4][5] Како дете, тој и неговото семејство често патувале во Остин за да го посетат дедото по мајка. Редфорд ги припишувал своите еколошки ориентации и љубов кон природата на неговото детство во Тексас.[6]
Откако завршил средно училиште во 1954 година,[7] студирал на Универзитетот во Колорадо во Болдер година и пол.[8][9] Додека бил таму, работел во ресторан/бар, каде што слика од неговиот лик сега е истакната меѓу муралите на барот.[10] Додека бил во Колорадо, Редфорд почнал да пие многу и, како резултат на тоа, ја изгубил својата полустипендија и бил исклучен од училиште.[8][9] Потоа патувал низ Европа, живеејќи во Франција, Шпанија и Италија.[11] Подоцна студирал сликарство на Институтот Прат во Бруклин, Њујорк, и земал часови на Американската академија за драмски уметности (класа од 1959 година) во Њујорк.[11][12]
Remove ads
Кариера
Во октомври 2014 година, филмското здружение „Линколн центар“ од Њујорк соопштило дека Редфорд е добитник на наградата „Чаплин“, која се доделува за животно дело. Наградата му е доделена за неговото творештво како глумец, но исто така и за неговиот придонес за развојот на филмот во својство на основач на филмскиот фестивал „Санденс“.[13]
Фимографија и признанија

За своето режисерско деби, Редфорд ја освоил наградата Оскар во 1980 година за најдобар режисер за филмот Обични луѓе. Тој бил и добитник на почесната награда Оскар во 2002 година.[14] Во 2017 година, бил награден со Златен лав за животно дело на Венецијанскиот филмски фестивал.[15] На 22 февруари 2019 година, Редфорд го добил почесниот Цезар на 44-то доделување на наградите „Цезар“ во Париз.[16]
Редфорд студирал на Универзитетот во Колорадо во 1950-тите и добил почесна диплома во 1988 година. Во 1989 година, Националното друштво „Одубон“ му го доделило на Редфорд своето највисоко признание, медалот „Одубон“.[17] Тој добил почесна титула „Доктор по хуманитарни науки“ од колеџот „Бард“ како и докторат од Универзитетот „Браун“ во 2008 година.[18] Во 2010 година, бил награден од гувернерот на Ново Мексико за извонредност во уметноста.[19] Во 2014 година, списанието „Тајм“ го именувало Редфорд за еден од 100-те највлијателни луѓе во светот.[20]
Во 1996 година, бил награден со Националниот медал за уметност од претседателот Бил Клинтон.[21] На 14 октомври 2010 година, Редфорд бил назначен за витез на Легијата на честа од претседателот Никола Саркози.[22] На 22 ноември 2016 година, претседателот Барак Обама го одликувал со Претседателски медал за слобода.[23] Во декември 2005 година, бил почестен од Центарот Кенеди за неговиот придонес во американската култура.
Во 2008 година, Редфорд ја доби наградата Дороти и Лилијан Гиш, една од најбогатите награди во уметноста, која се доделува годишно на „маж или жена што дале извонреден придонес за убавината на светот и за уживањето и разбирањето на животот на човештвото“.[24] Факултетот за драмски уметности при Универзитетот на Јужна Калифорнија (USC) ја објавил првата годишна награда „Роберт Редфорд“ за ангажирани уметници во 2009 година.
Remove ads
Личен живот

На 9 август 1958 година, Редфорд се оженил со Лола Ван Вагенен во Лас Вегас.[3] Двојката имала четири деца: Скот Ентони, Шона Џин, Дејвид Џејмс и Ејми Харт. Скот починла од синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња на возраст од 2,5 месеци. Шона е сликарка и била во брак со новинарот Ерик Шлосер.[25] Џејмс бил писател и продуцент, а починал во 2020 година.[26] Ејми е глумица, режисерка и продуцентка.[27] Редфорд имал седум внуци.[28][29]
Тие подолго време не живееле заедно а разводот станал официјален во одреден момент бидејќи, на 11 јули 2009 година, Редфорд и неговата долгогодишна девојка, Сибил Сагарс , се венчале во Хамбург, Германија. Таа се преселила да живее со Редфорд во 1996 година и го делеле неговиот дом во Санденс, Јута.[30] Во мај 2011 година, Роберт Редфорд: Биографија била објавена во соработка со Редфорд, црпејќи интензивно од неговите лични документи, дневници и снимени интервјуа.[3]
Иако Редфорд живеел во одморалиштето Санденс во Јута, тој поседувал куќа во Тибурон, Калифорнија, која ја продал во 2024 година. Тој исто така имал имот во Санта Фе, Ново Мексико.[31]
Смрт
На 16 септември 2025 година, Редфорд починал во сон во својот дом во Санденс, Јута, на 89-годишна возраст.[32][33] Бројни членови на забавната индустрија му оддале почит на Редфорд, вклучувајќи ја и Џејн Фонда, која напишала: „Тој ми значеше многу и беше прекрасна личност во секој поглед. Тој се залагаше за Америка за која мора да продолжиме да се бориме.“ [34] Неговата колешка Мерил Стрип, напишала: „Еден од лавовите почина. Почивај во мир, мој прекрасен пријателе.“ Барбара Стрејсенд, објавила долга изјава, во која се вели: „Боб беше харизматичен, интелигентен, интензивен, секогаш интересен - и еден од најдобрите актери на сите времиња.“[35]
Меѓу другите кои му оддале почит на Редфорд се политичари на пример Доналд Трамп, поранешниот претседател Барак Обама, поранешната прва дама Хилари Клинтон и многу други од индустријата за забава.[36][37][26][38][39]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads