Черпишта

село во Нигритско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Черпиштаmap
Remove ads

Черпишта или Черништа (грчки: Τερπνή, Терпни; до 1923 г. Τσέρπιστα, Церписта[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Иако изворите го претставуваат населението како грчко, всушност се работи за погрчени Македонци.

Кратки факти Черпишта Τερπνή, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во Серското Поле, на 1 км северно од Нигрита, во северното подножје на Богданска Планина.

Историја

Во Отоманското Царство

Црквата „Св. Димитриј“ е од 1740 г.[3]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Черипишта (Tchéripischta) имало 150 домаќинства со 306 Грци и 120 муслимани.[4]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Черпишта:

Черписта — село со мешано население, муслиманите се Турци Коњари, христијаните — Грци; една црква, едно училиште, една џамија и едно муслиманско училиште (мектеб). Оддалечено е на половина час од Нигрита.[5]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Чирпишта, на СЗ од Нигрита, во подножјето на Бешичка Планина, на растојание 12 час. Ова село некогаш цветало, сега сосем опаднало; жителите се задолжени до уши. До Чирпишта се гледаат урнатини од стари ѕидини од непозната епоха. 120 куќи, половината Турци, а половината христијани — Грци. Имаат црква.[6]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Черпишта имало 460 жители Турци и 500 Грци.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Черништа (Tchetnichta) се состоело од 800 Грци и во селото имало грчко училиште.[8]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 938 жители, а во 1920 г. се накачило на 1.333 лица.[9] Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Черпишта е мешано мештанско-дојденско село со 2.044 жители,[9] од кои 280 лица (64 семејства) биле дојденци, а останатите мештани.[10] Во 1923 г. селото е преименувано во Терпни.[11]

Во понатамошните години селото продолжило да расте поради новостекнатата земја добиена по пресушувањето на Тахинското Езеро.[9]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads