Четириесет и втора дивизија на НОВЈ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Четириесет и втората дивизија на НОВЈ (делувала во периодот од 1944 до 1945) била воена единица формирана на 7 септември 1944 г. во селото Лисиче, Велешко. Во нејзиниот формациски состав влегле третата, осмата и Дванаесетта македонска бригада. Од 6 декември 1944 година до 9 јануари 1945 година во нејзиниот состав била Четиринаесетта македонска ударна бригада, од 9 јануари 1945 година влегла Седма албанска бригада, и од 18 февруари 1945 година влегла Првата македонска артилериска бригада.[1] Во втората половина на ноември дивизијата имала 4.136 борци и старешини. Од средината на октомври 1944 г. дивизијата влегла во составот на Шеснаесетти корпус на НОВЈ.
Remove ads
Команден состав
Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]
- Коста Јашмаков, командант до 6 декември 1944 година
- Миливоје Грозданиќ, командант од 6 декември 1944 година
Политички комесари биле:
- Боро Чаушев - Странџата, политички комесар
- Јонче Фотевски, политички комесар
- Раде Гогов - Црноречки, политички комесар од 6 декември 1944 година
- Бено Русо, политички комесар од 6 јануари 1945 година
Борбени дејства

Дивизијата дејствувала на поширокото подрачје на Скопје, главно на комуникациите кон Велес. Дејствувала и по комуникацијата Скопје–Тетово против германските и балистичките сили. Во рамките на овие операции, на 1 ноември 1944 година била нападната железничката станица во Драчево, општината во село Батинци, а на 2 ноември 1944 година, селото Зелениково. На 8 ноември 1944 година, нејзините борци имале жесток судар со Германците во пределот на Карлијак, како и кај с. Глумово, с. Шишево и Гргурница.[1] Нејзините единици на 9 ноември 1944 г. го ослободиле Велес, а потоа учествувале и во ослободувањето на Скопје на 13 ноември 1944 г.
по заповед на штабот на Шеснаесеттиот корпус, при оваа дивизија се одржал курс за воени раководители, кој го водел Кирил Хаџи Костовски. Курсот го посетувале 15 одбрани борци од секоја бригада на оваа дивизија.[1]
Во декември 1944 г. дел од нејзините единици се борела на Косово. Во почетокот на јануари 1945 г. во нејзиниот состав влегле третата и 16 македонска и Четврта македонска албанска бригада и Прва артилериска бригада, а потоа влегла во составот на Петнаесетти корпус на НОВЈ по реорганизацијата. Дивизијата се борела на Сремскиот фронт и во завршните операции за ослободување на Југославија. Во април 1945 година, оваа дивизија броела околу 7000 борци и старешини.[1]
Remove ads
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads