Шаип Имеров

македонски партизан од албанска народност From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Шаип Имеров, роден со името Шаип Али Имер (албански: Shaip Ali Ymeri; Долно Јаболчиште, 13 февруари 1921Раштански Колиби, 10 септември 1944) — македонски партизан од албанска народност. Учесник во народната ослободителна борба во Македонија. Борец во осмата македонска ударна бригада. Член во комунистичката партија на Југославија и комунистичката партија на Македонија. За време на Битката кај Раштански Колиби тој храбро и трагично загинал. Заради непознати причини споменикот за сите загинати во Битката кај Раштански Колиби не го прикажува неговото име.

Кратки факти Шаип Имеров Shaip Ymeri, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Роден е во сиромашна повеќе членска работничка фамилија. Не завршил основно школско образование и одлучил да работи со неговата фамилија. Имеров работел како момок по околните села во велешкиот реон. Со потпаѓањето на Македонија под сурова бугарска фашистичка окупација Шаип почнал да соработува со партизанското движење. Станал член на комунистичката партија на Југославија и комунистичката партија на Македонија. Во септември 1944 година станал дел од осмата македонска ударна бригада. Тој бил учесник во Битката кај Раштански Колиби каде што трагично загинал. Денес не е познато каде е закопан ниту ни што му се случило со телото после неговата смрт.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads