Швабија (Баварија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Швабија (германски: Schwaben) — еден од седумте административни окрузи на Баварија, Германија.
Remove ads
Географија
Швабија се наоѓа на југозападот на Баварија. Таа била создадена како дел од историскиот регион Швабија, кој бил анектиран од Баварија во 1803. Тој, првично, формално бил под власта на војводите од династијата Хоенштауфени. За време на нацистичкиот период, територијата била одделена од остатокот на Баварија, станувајќи Гау Швабија. Тој бил повратен кон Баварија по војната.
Поделба
Административниот округ е поделен на 3 региона (Planungsregionen): Алгој, Аугсбург и Донау-Илер. Донау-Илер, исто така, вклучува два округа и еден град од Баден-Виртемберг.
* Дел од Швапски којперски крај
Remove ads
Окрузи и слободни градови пред регионалната реорганизација во 1972

Население
Историско население на Швабија:
- 1939: 934.311
- 1950: 1.293.734
- 1961: 1.340.217
- 1970: 1.467.454
- 1987: 1.546.504
- 2002: 1.776.465
- 2005: 1.788.919
- 2006: 1.786.764
- 2008: 1.787.995
- 2010: 1.785.875
Историја

Баварскиот административен регион Швабија е најисточниот дел на војводството Швабија. Веднаш по погубувањето на швапскиот војвода Конрадин во Неапол во 1268, неговиот вујко, баварскиот војвода Лудвиг ги наследил некои од поседите на Конрадин во Швабија. Во 1803 со германската медиатизација Баварија се здобила со понатомошниот дел од источниот швапски територии, кои биле припоени заедно со Пфалц-Нојбург под старото име Швабија, која била создадена во 1837 од кралот Лудвиг I. Во 1945 Линдау бил одземен од страна на Франција, но бил обединет со Швабија во 1955. Во 1972 поранешниот швапски град Нојбург на Дунав се обедини со Горна Баварија.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads