Кантони во Швајцарија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кантони во Швајцарија
Remove ads

Швајцарија е поделена на 26 кантонисојузни единици што ја сочинуваат државата. Од Вестфалскиот мир (1648), па сè до основањето на сојузна Швајцарија (1848), секој кантон бил наполно суверена држава[1] со своја царина, војска и валута. Најнов кантон е Јура, кој се одделил од Берн во 1979 г.[2]

Поимот „кантон“ (германски: Kantone, француски: cantons, италијански: cantoni, реторомански: chantuns) е од француско потекло и значи „агол“ или „околија“.[3]

Remove ads

Историја

Во XVI век, стариот Швајцарски сојуз (Eidgenossenschaft) се состоел од 13 суверени држави: шест краински (или шумски) и седум градски. Иако сите технички биле дел од Светото Римско Царство, независноста де факто ја стекнале во 1497 г. кога извојувале победа над царот Максимилијан.[4] Шесте шумски кантони биле демократски републики, додека пак седумте градски кантони олигархиски републики под власта на благородниците.

Remove ads

Устав

Секој кантон има свој устав, законодавство, влада и судство.[5] Највеќето законодавни домови се еднодомни парламенти, со по 58 до 200 пратеници. Неколку од нив се народни собори (Landsgemeinden). Кантонските влади имаат по 5 до 7 члена, зависно од кантонот.[6]

Според Сојузниот устав на Швајцарија, кантоните се суверени за сето она што не е во надлежност на централната власт.[5] Меѓу самостојните надлежности спаѓаат и здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, како и даночењето. Уставите на поединечните кантони го уредуваат степенот на самоуправа што го уживаат општините, кој се разликува од случај до случај, но секогаш подразбира право на даночење и носење на општински закони. Според големината, кантоните се движат од 37 км2 до 7.105 км2, а според населението, од 15.471 до 1.244.400 жители.

Remove ads

Список

Повеќе информации Грб, Крат. ...
Remove ads

Поврзано

Белешки

  1. ^ Владата и парламентот се во Херизау, но судството е во Троген
  2. ^ Парламентот Фрауенфелд и Вајнфелден

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads