Шпринге

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шпрингеmap
Remove ads

Шпринге (германски: Springe) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на ридскиот масив Дајстер, околу 22 километри југозападно од покраинскиот главен град Хановер.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Шпринге во рамките на округот Хановер ...
Remove ads

Географија

Местоположба

Градот се наоѓа на ридскиот масив Дајстер. Тука извира реката Халер, по која во средниот век градот бил наречен Халершпринг (Hallerspring).

Градски единици

  • Шпринге (јадрото) со 13.193 жители
  • Бенигсен со 4.061 жител
  • Фелксен со 3.362 жители
  • Елдагсен со 3.303 жители
  • Гесторф со 1.756 жители
  • Алтенхаген I со 1.240 жители
  • Лидерсен со 1.009 жители
  • Алвесроде со 500 жители
  • Алферде со 531 жител
  • Холтенсен со 436 жители
  • Мителроде со 288 жители
  • Бојцум со 173 жители

состојба: 30 јуни 2018 г.

Соседни општини

Шпринге се граничи со следниве општини и градови (почнувајќи од север, надесно) Барзингхаузен, Венигзен (Дајстер), Роненберг, Хеминген и Патензен (регион Хановер), Нордштемен и Елце (округ Хилдесхајм), како и Залцхемендорф, Копенбриге и Бад Миндер (округ Хамелн-Пирмонт).

Remove ads

Историја

Шпринге бил првпат споменат во 1013 година како Халершпринге (Hallerspringe). Во описот на границите на Хилдесхајмската епископија од транскрипт без датум, Шпринге бил споменат како Хелерајспринг (Helereisprig). Иако без датум по обликот и содржината може да се заклучи дека е документ од X век. Грофовите на Халермунд изградиле градба како тврдина на местото каде што е сега Шпринге откако го изгубиле замокот Халермунд на Клајнер Дајстер од Велфската династија во 1282 година. Владееле со нивната грофовија од нивното ново седиште, од кое подоцна израснал Шпринге. Создавањето на грофовско седиште и зацврстувањето на положбата довеле во XIII век да добие градски права. Во средниот век, Шпринге долго време бил седиште на грофовите на Халермунд и нивните наследници, странична линија на грофот на Кефернбург. Од нивната површина подоцна бил создаден Амт Шпринге, а по повеќе преименувања и проширување и округот Шпринге во 1884 година.

До крајот на X век се појавиле и првите споменувања за другите места, кои денес се дел од градот Шпринге. До 1300 година сите постоечки села биле именувани.

Развојот на областа се поврзува со преминот на Дајстер, граница помеѓу низината и планината, што била соодветна точка за пренос на стоки помеѓу Хановер и Хамелн. Понатамошниот развој се случил со изградбата на денешниот автопат Б217 во XVIII век и завршувањето на железничката линија помеѓу Хановер и Алтенбекен во 1872 година.

Постоел постојан развој кон среден град по крајот на Првата светска војна и уште повеќе по крајот на Втората светска војна (во 1933 година, населението било 3.912). До административните реформи во 1974 година, Шпринге бил окружно седиште. Потоа, истоимениот округ бил припоен кон округот Хановер, кој на 1 ноември 2001 година, станал денешниот регион Хановер. Денес, околу 13.000 жители живеат во самиот град.

Remove ads

Политика

Градски совет

Градскиот совет се состои од 35 членови. Распределбата на места во советот, избрани на 11 септември 2016 година[2] 2011 година[3] и 2006 година:

CDUSPDЗелениFDPЛевицаFWS AfD НезависенВкупно
2016 13 11 4 2 1 1 2 1 35 места
201113137111 36 места
2006151632 36 места

Градоначалник

Градоначалник е Кристијан Шпрингфелд (FDP). На изборите на 31 јануари 2016 година бил избран со 55% од гласовите.

досегашни
  • до 2002: Герд Швигер (SPD)
  • 2002–2015: Јерг-Рогер Хише (независен)
  • 2015–2016: немало; Герд-Дитер Валтер како вршител на должност
  • од 2016: Кристијан Шпрингфелд (FDP)

Збратимени градови

Шпринге е збратимен со следниве градови:

Постои партнерство со градот Милич во Полска

Познати луѓе

  • Јохан Хајнрих Шредер (1646-1699) — текстописец на химни и теолог
  • Хајнрих Гебел (1818-1893) — германско-американски механичар и пронаоѓач
  • Карл Допмајер (1824-1899) — вајар
  • Јакоб Голдшмит (1882-1955) — банкар
  • Херман Гункел (1862-1932) — теолог
  • Херберт Иеринг (1888-1977) — текстописец, режисер, новинар и критичар
  • Хајнрих Хипер (1898–1983) — учител и писател

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads