Штурче трскарче

From Wikipedia, the free encyclopedia

Штурче трскарче
Remove ads

Штурчето трскарче (науч. Locustella luscinioides) — вид трскарче од родот треварчиња (Locustella) кое се размножува низ јужна Европа и умерена западна Азија. Ја има и во Македонија. Таа е птица преселница која зимува под Сахара, во Африка.

Кратки факти Штурче трскарче, Заштитен статус ...
Locustella luscinioides

Оваа мала врапчевидна птица живее меѓу трските и местата со грмушки.

Песната му е монотоно, механичко, слично на инсект чрчорење, најчесто во самрак. Слична е на пеењето на другите видови од родот, но е малку побрза и подлабока.

Remove ads

Таксономија и систематизација

Штурчето трскаче прв го опишал италијанскиот орнитолог Паоло Сави (Paolo Savi), автор на Ornitologia Toscana (1827–1831) и Ornitologia Italiana (1873–1876). Сави ја опишал птицата како темна, неизбраздена, портокаловокафеава во 1821, што било нов вид за науката од семејството на трскарите. Го објавил целосниот опис 1824 и оттогаш е познат како Савиев трскар (така се вика и на англиски - Savi's Warbler).[2] Тој формира видов пар со речниот трскар (Locustella fluviatilis), а проучувањата на митохондриската ДНК покажуваат дека двата се блиски до полското штурче (Locustella naevia).[3]

Има три подвида:

Remove ads

Опис

Thumb
Штурче трскарче, пеејќи од евла

Штурчето трскарче е долго околу 14 см. Горните делови му се еднобојни темноцрвеникавокафеави, понекогаш со слаб зеленкав сјај. Има невпечатлива посветла линија над окото. Тенкиот клун, очите и нозете се кафеави. Брадата, грлото и стомакот му се белкавокремави, а остатокот од долниот дел му е песочна боја. Во сезоната на парење и одозгора и одоздола станува малку посветол.[5]

Пеењето му е треперење, како и на другите треварчиња, но малку пониска и не толку долга. Често започнува со серија од ниски тикови кои прераснуваат во треперење. Птицата пее качена на врвот од трската со отворен клун и грло што трепери. Пеат и мажјаците и женките.[5]

Remove ads

Поведение

Оваа птица се митари пред да пристигне на местата за размножување. При пристигнувањето во мочуриштата, птиците се повлекуваат меѓу трските и грмушките и ретко може да се видат, но кога ја воспоставуваат својата територија се качуваат на врвовите од трските и пеат. Тие се хранат со инсекти, како што се: мувите, бубачките, молците, ларвите, како и малите црви. По размножувањето птиците одат во поретка вегетација, се митарат во своите зимски перје и се подготвуваат за преселба. Малку се знае за нивните навики во зимувалиштата, но тие заземаат слични мочурливи области, забележани се во полиња со пченка, а може да се хранат и спијат во мали јата.[5]

Размножување

Thumb
Возрасен со гнездо
Thumb
Locustella luscinioides

Во јужниот дел од опсегот сезоната на парење започнува во средината на април, а во северниот дел, при крајот на мај.[5] Првите мажјаци што ќе пристигнат ги зафаќаат најубавите територии, што се суди според густината на трските и грмушките. Кога пристигаат женките, ги избираат мажјаците со подобри територии.[6] Оние птици што пристигнуваат подоцна имаат посиромашни територии и послаб успех во размножувањето..[6] Гнездото го гради женката на мала платформа во трските кое е добро скриено меѓу сувите трски и купчиња вегетација. Тоа е уредно, изградено од убаво наредени тревки и ливчиња. Обично одозгора не може да се види. Леглото има 4-6 јајца кои се зеленикавобели, испрскани со сиви точки. Ги квачи само женката во период од 12 дена. Таа, исто така, ги храни во почетокот сама, а потоа ѝ се придружува и мажјакот. Пилињата се оперјуваат по дванесетина дена. Обично имаа две легла годишно.[5]

Статус

Штурчето трскарче според Црвениот список на МСЗП е вид со најмала загриженост поради големата глобална популација и широкиот опсег. Во Европа има околу 530.000 до 800.000 пара, или 1.6 - 2.4 милиони единки. Европската популација е околу две третини од вкупната, што значи вкупно има околу 2.1 - 4.8 милиони единки.[1]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads