Шуто Оризари

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шуто Оризариmap
Remove ads

Шуто Оризари или Шутка — населба во северниот дел на Скопје и седиште на истоимената општина. Населена е главно со Роми.

Кратки факти
Thumb
Бараки во населбата Шуто Оризари по Скопскиот земјотрес, подарок од САД, 1964
Remove ads

Историја

Кон крајот на XIX век Шуто Оризари било мало македонско село во Скопската каза на Отоманското Царство.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. населението на Шуто Оризари се состоело од 84 Македонци христијани.[2][3]

На етничката карта од 1927 . Леонард Шулце Јена го укажува Оризаре (Orizare) како село со нејасен ентички состав.[4]

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Оризари како македонско село.[2][5]

Шуто Оризари почнало да расте и коренито да го менува етничкиот состав по Скопскиот земјотрес од 1963 година. Со обновата на градот во местото се населиле претежно Роми. На грбот на населбата стои чакрата (тркалото) од ромското знаме.

Според пописот од 2002 година, Шуто Оризари има 15.353 жители.[6]

Народ Вкупно
Македонци 481
Албанци 1205
Турци 49
Роми 13.201
Власи 0
Срби 34
Бошњаци 138
останати 245
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads