А1 телевизија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
А1 телевизија или само А1 — поранешен приватен електронски медиум во Република Македонија. Иако првите новинари биле дојдени главно од Македонско радио, оваа телевизиска куќа создала свој кадар, кој се одликувал со препознатлив репортерски стил. Телевизијата го емитувала првиот сигнал на 22 јануари 1993 година, а национална концесија добила во 2001 година. Деценија потоа, во 2012 година започна со работа и интернет верзијата на А1, А1on.mk.
А1, особено со информативната програма, придонесе и во промоцијата и во заштитата на човековите права, во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено на Конфликтот во Македонија во 2001 година, во воспоставување на фер и демократски изборни процеси.
По повеќе од 18 години најстарата приватна телевизија престанала да работи на 31 јули 2011 година, поради одлука на АЕК. Директорот на АЕК донел решение на кое се повикува по член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузна дејност, бидејќи компанијата А1 телевизија ДООЕЛ — Скопје има отворено стечајна постапка. Сопственикот на А1 телевизија и уште неколку негови соработници во исто време биле во притвор поради основано сомнение за кривично дело, затајување на данок.
На 1 јули 2008 година, во рамките на А1 телевизија била оформена и нова А2 телевизија, но таа беше затворена на 13 јуни 2012 година.
Remove ads
Награди
Новинари
Значајни новинари кои работеле во А1
- Младен Чадиковски
- Наташа Стојановска
- Ацо Кабранов
- Александар Чомовски
- Борјан Јовановски
- Јанко Илковски
- Горан Петрески
- Сашка Цветковска
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads