Национална хокеарска лига

From Wikipedia, the free encyclopedia

Национална хокеарска лига
Remove ads

Националната хокеарска лига (англиски: National Hockey League, NHL) — професионална лига во хокеј на мраз составена од 30 клубови од Северна Америка. Се смета за најсилната професионална хокеарска лига во светот,[1] и една од главните професионални спортски лиги на северноамериканскиот континент. Победникот на лигата секоја година го освојува Стенли купот, еден од најстарите професионални спортски трофеи[2].

Кратки факти Кратенка, Основана ...

Лигата е основана во 1917 година во Монтреал, Канада, од 5 тима: Монтреал Канадиенс, Монтреал Вандерерс, Отава Сенаторс, Квебек Булдогс и Торонто Аренас. Денес, лигата брои 30 клубови од кои 6 се канадски, а останатите 24 од САД.

Во НХЛ играат многу од најдобрите играчи од целиот свет. Оваа година (2008.) во лигата настапуваат играчи од 20 различни земји.[3][4] Канаѓаните традиционално се најбројните играчи во НХЛ бидејќи и спортот хокеј и лигата потекнуваат од Канада. Во последните 25 години, учеството на играчи од САД и Европа постојано се зголемува поради ширењето на НХЛ во САД, високите спортски стандарди и достапноста на квалитетни играчи од Источна Европа.[5]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads