Ne pijem, ne pušim
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Ne pijem, ne pušim“ (македонски: Не пијам, не пушам) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот трет студиски албум Moderna žena (2016). Напишана е од хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ, а продуцирана од Тончи Хуљиќ и Душан Васиќ . Издадена е како четврти сингл од албумот преку Кроација Рекордс на 11 април 2017 година. Комерцијално, песната постигнува успех во Хрватска, достигнувајќи го десеттото место на табелата за топ 40 синглови на Хрватска. Музички, „Ne pijem, ne pušim“ е песна со брз ритам, и радосна љубовна тематика која добива споредби со работата на Розга за време на нејзиното време во групата Магазин и со работата на Хуљиќ со бендот Мадре Бадеша. Во текстот на песната се пее дека протагонистката не пие, не пуши, ниту пцуе и дека единствениот порок ѝ е љубовта.
Спотот за песната го режира Дарио Радусин и е објавен на Фејсбук страницата на пејачлата истиот ден кога и самата песна. Оддавајќи почит на "Addicted to Love" („Зависник од љубов“) (1986) од Роберт Палмер, клипот е заснован на изведба и ја прикажува Розга како ги пее стиховите на песната придружувана од целосно женски бенд. Музичкото видео е гледано повеќе од 18,5 милиони пати од 2022 година. „Ne pijem, ne pušim“ е дополнително промовирана со неколку телевизиски изведби на пејачката, вклучувајќи ги и оние на народни радио и Златната бубамара на популарноста за 2020 година. Покрај тоа, песната е дел од сет листата на концерти и свирки на Розга.
Remove ads
Позадина и композиција
„Ne pijem, ne pušim“ е напишана од хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ, а продуцирана од музичарот и аранжер Тончи Хуљиќ . На продукцијата соработува и Душан Васиќ . Песната е вклучена на третиот студиски албум на Јелена Розга Модерна Жена (2016). Издадена е како четврти сингл од албумот преку Кроација рекордс на 11 април 2017 година. За време на нејзиното објавување, Розга накратко зборува за песната, нарекувајќи ја „една од оние песни кои ја обојуваат сивата боја во најубавите бои, има заразна, позитивна мелодија и текст и сигурна сум дека ќе ја ставите на повторување како мене“.[1] Розга открива дека кога првпат ја слушнала песната, се потсетила на „Opijum“ на Магазин и затоа нејзиниот работен наслов бил „Opijum 2“. Бидејќи песната не била готова пред објавувањето на албумот, Тончи Хуљиќ ѝ предложил на Розга да ја изостави од листата на песни. Сепак, на инсистирање на Розга, текстот за песната бил готов за два дена и ѝ бил испратен по е-пошта, по што таа веднаш отишла во студио и ја снимила за половина час.[2]
Музички „Ne pijem, ne pušim“ е споредена со делата на етно и фолк бендот на Хуљиќ, Мадре Бадеша.[3] Станува збор за радосна песна во брзо темпо која опишува дека и покрај тоа што протагонистката не пие, не пуши и не пцуе, таа сепак потпаѓа на една грешка, а тоа е љубовта.[4] По објавувањето, песната е споредувана и со работата на пејачката во времето кога таа е водечка пејачка на бендот Магазин.[2] Еден новинар на Хрватскиот музички канал смета дека „Ne pijem, ne pušim“ е „една од оние песни што со својата позитивна енергија и лесна мелодија многу брзо влегуваат во ушите на слушателите и стилски не се издвојуваат од другите песни што се наоѓаат на... 'Moderna žena'.[5]
Remove ads
Музичко видео
Музичкото видео за песната е објавено истовремено со изданието на синглот на 11 април 2017 година. Режирано е од Дарио Радусин и е наменето како омаж на "Äddicted to Love" („Зависник од љубов“) (1986) на Роберт Палмер . „Музичкото видео е посветено на еден од моите најдраги клипови на Роберт Палмер, кој остави голем белег во моето детство. Има нешто магично, привлечно во тој спот и сакав да ја обединам емоцијата со позитивната енергија на песната“, рекла Розга за време на едно нејзино интервју.[1] Во него, се појавува Розга облечена во црни панталони и бела кошула како ја пее песната на сцената придружена од целосно женски бенд. Музичкото видео станува многу популарно и е гледано скоро 18 милиони пати од мај 2022 година.[6] Пишувајќи за српскиот Телеграф, новинар опишува дека пејачката во него „зрачи со сексапил“.[7] На крајот на 2017 година, спотот за песната е рангиран како седмо најгледано видео во годината во Хрватска.[8]
Remove ads
Настапи во живо
Розга првпат ја изведува песната во живо по нејзиното објавување за време на велигденскиот концерт во Ревелин во Дубровник на 16 април 2017 година [9] Како дел од промоцијата на песната, Розга ја изведува „Ne pijem, ne pušim“ за време на неколку телевизиски гостувања. На 10 август 2018 година, пејачката објавува видео фрагмент на Инстаграм каде ја пее песната заедно со Петар Грашо на пијано и во придружба на неколку пријатели.[10] На 31 јануари 2018 година, Розга се појавува на емисијата на народни радио насловена „Dan Najbolje Domaće Glazbe 2018“ („Ден на најдобрата домашна музија“) каде ја изведува песната.[11] На 21 мај 2022 година, таа изведува акустична верзија на програмата на Народни „Living Room Acoustic“ („акустично во дневната соба“). Во февруари 2020 година, Розга се појавува на доделувањето на наградите „Златна бубамара на популарноста“ во Македонија, одржано во А1 Арената во Скопје, каде што изведува микс кој се состои од нејзините песни "Cirkus" („Циркус“), "Ne pijem, ne pušim" и „Dani su bez broja“ („Деновите се безбројни“).[12] За настапот таа се појавува облечена во син фустан за кој добива пофалби од печатот.[13] Покрај телевизиските настапи, „Ne pijem, ne pušim“ е дел од сетот на пејачката за време на нејзините концерти во Хрватска и поширокиот пост-југословенски регион. Дополнително, таа го изведува на 25 декември 2020 година, на Божиќ, за време на онлајн концерт во живо на Инстаграм за време на пандемијата на КОВИД-19 во придружба на Милан Терзе и Карло Дотур на гитара.
Полка преработка на песната заедно со „Dani i godine“ („Денови и години“) на Нина Бадриќ и „Dalmatinac Sam“ („Далматинец сум“) на Младен Грдовиќ е изведена од словенечкото трио Полкахолики и објавена на Јутјуб на 10 декември 2019 година по што се стекнува со фокус од медиумите.[14]
Табели
„Ne pijem, ne pušim“ дебитира и се искачува на 10-то место на хрватската топ 40 листа на синглови на ХР за неделата што завршува на 17 април 2017 година.[15]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads