Staphylococcus caprae
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Staphylococcus caprae е Грам-позитивна, коагулаза-негативна кока, припадник на родот Staphylococcus. Видот првично беше изолиран од кози (caprae значи "козји"), но некои соеви на овој вид, исто така, се изолирани од човечки примероци.
Remove ads
Клиничко значење
S. caprae се јавува како коменсал на човечката кожа, меѓутоа се претпоставува дека е одговорен за инфекции на мочните патишта, коските и зглобовите. Бидејќи S. caprae тешко се идентификува во лабораторија,[1] според една студија од 2014 година, инциденцата на инфекции од S. caprae кај луѓето веројатно е потценета.[2]
Дполнителна литература
Станува збор за коагулаза-негативен, ДНКаза-позитивен член на родот Staphylococcus, кој обично се среќава кај кози. Од 1991 година, неколку лаборатории имаат објавено дека ја изолирале оваа бактерија во човечки клинички примероци.[3] Во поново време оваа бактерија се повеќе се имплицира во зглобни и коскени инфекции кај луѓето.[4]
S. caprae првпат беше опишан во 1983 година од страна на Devisee et al. Иако се наоѓа како коменсал на кожата и млечните жлезди на козите, понекогаш може да предизвика маститис кај овие животни. Како патогена бактерија за луѓето најдена е во хоспитални инфекции, најчесто зафаќајки коски и зглобови.[4] Има објавено студии дека може да предизвика сепса во клинички услови.[5]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads