TRT Avaz
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
TRT Avaz (македонски: ТРТ Аваз) е турски телевизиски канал кој е под Турската Радио Телевизија (ТРТ) и е наменет за Пан Туркискиот свет и Балканот. Беше отворен на 21 март 2009, и се емитува широко на Балканот, Туркиската Средна Азија, Блискиот Исток и на Кавказот. Емисиите се емитуваат на албански, азербејџански, босански, казашки, киргиски, узбекистански, и туркменски, со превод на турски јазик, и вклучува документарци, културни и музички програми како и локални филмови и телевизиски серии. Публиката исто така има шанса да научи турски јазик преку туторијали.
Каналот има моќ да достигне гледаност од 250 милиони гледачи во 27 држави и 13 автономни региони низ Источна Европа, Западна и Средна Азија, опфаќајќи простор од Бугарија до Авганистан. Каналот е сепак блокиран во Кина поради турскискиот сепаратизам во Ујгурскиот автономен регион.
Името на каналот беше за првпат објавено од страна на турскиот претседател Абдула Ѓул како "Аваз" зборот кој значи "глас" во многу централно-азиски јазици, вклучувајќи го и турскиот. На свеченоста, по повод отворањето на ТРТ Аваз, покрај турскиот претседател присуствуваа бројни музички ѕвезди од Азербејџан, Актан Исабејев од Киргистан, познатата узбекистанска пејачка Севара Незархан, Јескаливе Нагима од Казахстан, Лејла Јушиќ од Босна и Херцеговина како и големата турска пејачка ѕвезда Таркан.
Remove ads
Надворешни врски
- Официјално мрежно место на ТРТ Аваз Архивирано на 3 мај 2013 г. (турски)
- Распоред на програмата на ТРТ Аваз Архивирано на 23 февруари 2013 г.
- Гледај ја ТРТ Аваз во живо преку интернет Архивирано на 3 февруари 2013 г.
- ТРТ Аваз на Лингсат Архивирано на 13 април 2009 г.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads