What's My Name?
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„What's My Name?“ е песна на барбадоската пејачка Ријана, дел од нејзиниот петти студиски албум Loud (2010). Вклучувајќи „гостин“ вокали од канадскиот рапер Дрејк, песната беше издадена како втор сингл од Loud на 29 октомври 2010 преку Def Jam Recordings (Universal Music). Со типичен Р&Б призвук песната е продуцирана од норвешкото дуо Старгејт и напишана заедно со Истер Дин, Трејси Хејл и Дрејк. „What's My Name?“ за првпат беше промовирана преку американските радија на 26 октомври 2010.
Според музичките критики оваа песна претставува вокано најдобрата која Ријана ја имала до денеска, поради нејзината романтична природа како и сексуалните тоново. Негативни критики единствено дојдоа за текстот на Дрејк, кој вклучува сексуална споредба на корен од сексуалната позиција 69. Песната претставуваше комерцијален успех, со тоа што се искачи на врвот на американскиот Billboard Hot 100, давајќи и го на Ријана нејзиниот трет број 1 сингл за 2010 (од четири), како и нејзиниот осми од девет песни во нејзината кариера. Песната исто така е и првиот број 1 сингл за Дрејк.[1] Песната исто така беше популарна и во Франција, Ирска, Нов Зеланд, Норвешка, Шкотска и Велика Британија.
Музичкото видео за песната, кое е дел на режисерот Филип Анделмен,[2] вклучува романтична приказна меѓу Ријана и Дрејк во една продавница заедно со романтични сцени и Ријана одејќи низ Менхетн, Њујорк. „What's My Name?“ исто така беше промовирана и со живи изведби во двете страни на Атлантикот, вклучувајќи ги Saturday Night Live[3][4] во Америка и седмата сезона на популарното музичко шоу X-Factor во Велика Британија.[5]
Remove ads
Табели и награди
Remove ads
Историја на издавање
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads