Јадранка Костова

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Јадранка Костова (р. Скопје, 1 април 1960 ) — македонска новинарка.

Новинарска кариера

Костова работела во повеќе македонски електронски и печатени медиуми. Во 1984 година, по покана од Македонската радио телевизија влегува во јавниот сервис. По заминувањето од оваа куќа, поминува еден дел во Сител-телевизија а потоа во Канал 5 Телевизија. Во 2003 година станала главен уредник на списанието „Фокус“.[1][2] Во 2018 година се вработува во 1ТВ, каде останува една година.[3]

Комисијата за верификација на фактите ја лустрирала Костова како соработник со македонската служба за државна безбедност. Според решението на Комисијата, во периодот 1993-1996, како новинар во МРТВ, Костова давала информации за лица со пробугарска ориентација.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads