Јадрени малајско-полинезиски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јадрените малајско-полинезиски јазици се гранка на австронезиското семејство[1] за скои се смета дека со време се распрснале од нивната прататковина, островот Сулавеси. Се нарекуваат „јадрени“ бидејќи го сочинуваат концептуалното јадро на малајско-полинезиското семејство. Овие јазици се среќаваат ширум Индонезија, со исклучок на средишниот дел на Борнео, Сабах и северот на Сулавеси, како и во Меланезија и тихоокеанското подрачје.
Групата ги содржи јазиците што го напуштиле т.н. „австронезиско порамнување“ наследено од прамалајскополинезиската синтакса. Тука спаѓаат традиционалните географски групи како централните, источните, и дел од западните малајско-полинезиски јазици, дел кој се нарекува внатрешни малајско-полинезиски јазици.
Затоа, внатрешните малајско-полинезиски јазици (сундско-сулавеските) се дефинираат негативно, т.е. оние јазици на Сунда и Сулавеси кои не се вбројуваат во централно-источните малајско-полинезиски јазици. Централно-источните претставуваат подрачна група, различна од останатите малајско-полинезиски јазици поради нивните неавстронезиски (папуански) супстрати, наместо поради некаква генеалошка сродност.
Remove ads
Јазици
Јадрените малајско-полинезиски јазици се состојат од голем број на кладови со неутврдена сродност. Тука се наведени оние што не се сметаат за спорни како единици:
- чаморски
 - палауански
 - тамански (мбалох)
 - јужносулавески
 - целебески
 - мокленски
 - чамски
 - батачки
 - гајски
 - енгански
 - ментавајски
 - нијаски
 - сикулеански
 - симеулуеански
 - реџаншки
 - лампуншко–сундски
 - јавански
 - мадурски
 - банџарски
 - малајски
 - балиско-сасачки
 - сумпско-флорески
 - ирарутуански (касира)
 - селаруански
 - јамденски
 - кејско–танимбарски
 - севернобомберајски
 - ковиајски (Ј бомберајски)
 - источни централномалучки
 - сулско–буруански
 - тиморско–бабарски
 - западнодамарски
 - теорско–курски
 - јужнохалмахерски
 - раџаампатски
 - бедоанашко–ерокванашки (бомберајски)
 - бијачки (чендеравасишки)
 - јапенско–варопенски (чендеравасишки)
 - морски (чендеравасишки)
 - иресимски (со други чендеравасишки јазици?)
 - тандиски (со други чендеравасишки јазици?)
 - јаурски (со други чендеравасишки јазици?)
 - јеретуарски (со други чендеравасишки јазици?)
 - океански
 
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
