Јонче Шапкарев
македонски биолог и универзитетски професор From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јонче Шапкарев (17 септември 1926 во Велгошти — 2008 ) — македонски универзитетски професор и биолог.[1]
Животопис
Основно образование завршил во родното место, а со средно образование се стекнал во Охрид. Во 1947 година се запишал на групата биологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а дипломирал во 1951 година. До 1954 година бил вработен како асистент и ја вршел должноста директор на Хидробиолошкиот завод во Охрид.
Во 1956 година ја одбранил докторската дисертација, а во звањето доцент бил избран во 1958 година на Катедрата за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Држел настава по предметите: инвертебрата, анимална екологија, зоогеографија, органска еволуција и типологија на животните.
Автор или коавтор е на повеќе универзитетски учебници. Има објавено над 140 оригинални научни трудови.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads