Џорџино Вајналдум

From Wikipedia, the free encyclopedia

Џорџино Вајналдум
Remove ads

Џорџино Грегион Емили Вајналдум (холандски изговор: [d͡ʒɔrˈd͡ʒiɲoː ʋɛiˈnɑldʏm]; роден на 11 ноември 1990 година) — холандски професионален фудбалер кој игра како играч од средниот ред за премиерлигашот Ливерпул и репрезентацијата на Холандија.

Кратки факти Џорџино Вајналдум, Лични податоци ...

Младински производ на тимот на Фејенорд, Вајналдум станал најмладиот играч кој некогаш дебитирал во клупската историја во 2007 година и настапил на 134 натпревари во текот на петгодишниот период. По неговото заминување од Фејенорд, Вајналдум поминал четири сезони во тимот на ПСВ Ајндховен, каде што тој го освоил холандскиот Куп во првата сезона и првенството во неговата последна. Тој исто така се здобил со наградата, холандски фудбалер на годината во неговото време со ПСВ. Во 2015 година, Вајналдум се приклучил во Премиер Лигата во тимот на Њукасл Јунајтед за £14.5 милиони фунти, но само една сезона подоцна тој заминал од клубот, поради испаѓањето на клубот од лигата, при што се приклучил на Ливерпул за 23 милиони фунти.

Вајналдум исто така има настапено на повеќе од 40 натпревари за репрезентацијата на Холандија, а своето деби го имал во 2011 година, и бил член на тимот кој го освоил третото место во 2014 година ФИФА Светското Првенство.

Remove ads

Ран живот

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads