Аеродром Подгорица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Аеродром Подгорицаmap
Remove ads

Аеродромот во Подгорица (Српски/Црногорски: Аеродром Подгорица, Aerodrom Podgorica)(IATA: TGD, ICAO: LYPG) е меѓународен аеродром сместен 11 километри јужно од центарот на Подгорица. Аеродромот е главна централа на Montenegro Airlines, и е еден од двата јавни аеродроми во Црна Гора.

Кратки факти Аеродром ПодгорицаAerodrom Podgorica Аеродром Подгорица, Општо ...
Remove ads

Главен Терминал

Со зголемениот авиосообраќај во Црна Гора во последните неколку години, сегашниот таканаречен "стар" терминал, мал, со само две порти за авионите, стана премал за протокот на патници, и со тоа градењето на нов терминал стана неизбежно. Нов патнички терминал се отвори на 14 мај 2006 година, на кој постојат 8 порти за пристигање и 2 порти за заминување, и е способен да прими околу 1 милион патници на годишно ниво. Покрај конструкцијата на нов терминал, надоградени беа и придружните објекти на аеродромот. Терминалната зграда е целосно алуминиумска со структура од стакло. На терминалот постојат неколку ресторани, кафе барови, продавници, како и подружници на неколку банки.

Remove ads

Воено користење

Аеродромот во Подгорица е цивилен аеродром, но пистата исто така се користи и од страна на военото воздухопловство на Црна Гора.

Авиокомпании и одредишта

Инциденти

  • На 25 јануари 2005 година, авион од типот Фокер 100 под боите на Montenegro Airlines при слетување излезе од пистата. Два патника, пилотот и копилотот беа полесно повредени. Подоцна авиокомпанијата беше тужена од страна на патниците поради тоа што беше единствената авиокомпанија која оперираше на аеродромот тој ден, другите летови беа откажани поради недостиг од опрема за одледување.
  • На 11 септември 1973 година, 41 лице загинаа, кога авион на ЈАТ се сруши на врвот Бабин Заб северно од Подгорица.
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads