Александар Трајковски
Македонски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Александар Трајковски (роден на 5 септември 1992 во Скопје) — македонски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Хајдук и на македонската репрезентација.
Remove ads
Кариера
Трајковски ја започнал својата кариера во Цементарница 55 во сезоната 2009-10 каде од младинскиот тим бил префрлен во првиот тим. Одличните игри на Трајковски го привлекле вниманието на хрватскиот клуб Интер Запрешиќ, во чии редови преминал на крајот од сезоната. Тој имал 17 години и не можел да игра сè додека не наполнил 18 години.
Добрите игри на Трајковски во хрватскиот клуб во вториот дел од сезоната 2010-11 го привлекле вниманието на Динамо Загреб и Андерлехт, кој доставил понуда до Интер Запрешиќ од 500.000 евра, но понудата била одбиена. Сепак, Трајковски на крајот на сезоната потпишал за друг белгиски клуб, Зулте Варегем кој за него платил 1 милион евра. Во 2013, тој бил позајмен на белгискиот клуб Мехелeн.[1]
Во летото 2015, Трајковски потпишал петгодишен договор со италијанскиот клуб Палермо.[2] Својот прв натпревар за новиот клуб, Трајковски го имал на 23 август 2015, на натпреварот од првото коло од Серија А против Џенова, влегувајќи од клупата во 33. минута. Во следното коло, во победата од 1-0 против Удинезе, тој ги одиграл сите 90. минути за својот клуб.[3] Својот прв погодок за "сицилијанците" го постигнал на 2 декември 2015, во поразот со 3-2 на домашен терен од Алесандрија во четвртото коло од Купот на Италија.
Remove ads
Репрезентација
Репрезентативни голови
- Резултатот на Македонија е запишан прв .[4]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads