Анастас Коцарев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Анастас Коцарев
Remove ads

Д-р Анастас Коцарев (француска и англиска транслитерација Dr. Anastas Kotzareff[1]; Охрид, 26 март 1890 Париз, Франција, 28 март 1931 ) — македонски деец и лекар онколог, еден од пионерите кој работел на истражување и лекување на ракот. Соработувал со нобеловката Мари Склодовска-Кири и на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Бил еден од пионерите на радиотерапијата и радиографијата. Д-р Коцарев е првиот кој направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од рак. Тој е најверојатно, покрај Мајка Тереза, единствениот Македонец што со своето дело бил многу блиску до добивање на Нобеловата награда.[2][3]

Кратки факти Роден, Починал ...

Во 1915 година го основал Друштвото „Македонија“ во Женева, а во 1918 година ги обединил и другите македонски друштва од Цирих и Лозана во заедничкото Друштво на Македонците за независна Македонија.[4] Се залагал „за единствена и независна Македонија“ и за балканска федерација.

Remove ads

Животопис

Коцарев е роден на 26 март 1890 година во Охрид, во старо охридско семејство. Основно образование завршил во Охрид, а гимназија во Солун и Битола. Семејната трагедија, смртта на неговата мајка Фроса (почината од рак), како и на двете сестри кои исто починале млади, ќе бидат причина младиот Анастас да одлучи да студира медицина. Неговиот татко Петруш, кој бил познат банкар, за да ги плати трошоците за студиите на својот син, продал дел од семејниот имот (чифлик), за да му овозможи да го заврши Медицинскиот факултет во Женева. По дипломирањето работел како асистент на универзитетската клиника, а во периодот од 1917 до 1919 година работел како лекар и приватен доцент по онкологија на истиот факултет.

Д-р Коцарев посебно бил заинтересиран за експерименталните лекови. Неговата прва научна статија датира од 1914 година (Quelques blessures des nerfs observées pendant les guerres balkaniques), а првата книга ја објавил во соработка со Алфред Фроментин во 1916 година (Théorie bio-sociale du sommeil ). Истата година бил повикан да продолжи со истражувањата на Академијата за медицина на Сорбона во Париз каде продолжил да работи на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Ова истражување го насочило на тесна соработка со тогаш веќе познатата Мари Склодовска-Кири која била професор и директор на Лабораторијата за радиум при Универзитетот „Сорбона„.

Remove ads

За македонската кауза

Во 1915 година, Коцарев го обновил Академското друштво „Македонија“ кое било продолжение на Академското друштво на македонско-одринските студенти во Женева, формирано непосредно по Илинденското востание (1904 – 1915). Во текот на Првата светска војна, на Универзитетот во Женева студирале околу 15 Македонци. Членовите на друштвото биле: Анастас Коцарев, Петар Здравев, Димитар Несторов, Трифун Грековски, Благој Тошанов, А. Копандонов, Александар Крајчев и други. Донеле правилник за работа што им овозможило да го регистрираат друштвото прред универзитетските власти. Во 1918 година, авторитетниот д-р Коцарев кој имал врски со видни швајцарски општественици, едногласно бил избран за претседател на друштвото. Тој се залагал „за единствена и независна Македонија“ и за идна Балканска федерација.[5]

Македонските студенти од Универзитетот во Цирих, во 1915 година исто така формирале Политичко друштво „Македонија на Македонците“, а во 1916 година во Лозана било формирано Политичкото друштво „Македонија – за заштита на правата на Македонците“, додека во Женева пак било формирано Политичкото друштво за независност на Македонија.

Во август 1918 година, д-р Анастас Коцарев ги обединил македонските друштва од Цирих и Лозана во заедничкото Друштво на Македонците за независна Македонија. На 15 декември 1918 година тие го основале Главниот одбор на македонските друштва во Швајцарија (Conseil Général des Sociétés Macédoniennes en Suisse), со седиште во Лозана. Д-р Коцарев бил избран прво за потпретседател, а потоа и за претседател. Во овој период нивен печатен орган бил списанието „Македонска независност“ („L’Indépendence macédonienne), преку кој светот се запознал за борбата и стремежот на македонскиот народ за независна држава Македонија.

Советот остварил контакти со низа познати активисти во Европа кои го поддржувале стремежот на македонскиот народ за независност, по што испратил барање за учество на тричлена делегација која би ги застапувала интересите на македонскиот народ. Ова барање било одбиено од главните актери на Конференцијата. Најважната врска на Советот со американската мисија при Версајската мировна конференција бил истакнатиот американски активист и пацифист, проф. Џорџ Д. Херон кој бил почесен член на Главниот совет на македонските друштва и застанал зад македонскиот народ во битката за своја независност.[6]

Во натамошните дописи до Версајската мировна конференција, Главниот совет на македонските друштва во Швајцарија инсистирал на 14-те Вилсонови точки во кои се предвидувало правото на самоопределување на секој народ, вклучително и на македонскиот. Од сите упатени писмени акти, најголемо значење има Апелот што бил испратен до целиот цивилизиран свет во јуни 1919 година, потпишан од претседателот д-р Анастас Коцарев, како и од Претседателството и од почесните членови на Главниот совет. Во него е нагласено дека Македонците имаат право на живот и уште еднаш ја нагласуваат волјата на македонскиот народ за создавање независна македонска држава.

Откако Македонија и натаму останала поделена, а целта за македонска држава не била остварена, Главниот совет на македонските друштва во Швајцарија се самораспуштил на 27 декември 1919 година.

Д-р Коцарев соработувал со голем број истакнати научници од неговото време и често бил застапен во тогашниот печат во Европа и во Америка. Неговите истражувања и експериментални третмани се цитираат и денес, а неговите современици со право му предвидувале блескава кариера во медицината, па дури и добивање на Нобелова награда за медицина.

Во 1927 година д-р Анастас Коцарев краток период бил професор по експериментална патологија на Американскиот колеџ по медицина во Истанбул, а во 1928 година со својата вереница Сесил Пинел се преселил во Франција каде во 1931 година го одбранил својот втор докторат на Медицинскиот факултет во Париз, само две недели пред неговата ненадејна смрт. Починал под неразјаснети околности на 28 март 1931 година во хотелот во кој живеел на улица Станислас бр.14 во Париз. Се смета дека бил отруен од тајните служби на балканските земји на кои им сметала неговата активност и посветеност по однос на македонското прашање и создавање на независна македонска држава. Неговото последно почивалиште се наоѓа на Старите општински гробишта (Cimetière communal de Bondy) во париската општина Бонди, каде секоја година во организација на здружението „Заборавени Македонци„ и локалните власти на општина Бонди се организираат чествувања и настани во негова чест.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads