Антропозофија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Антропозофија е духовна филозофија која се заснова врз учењата на Рудолф Штајнер која претпоставува постоење на објективен спиритуален свет достапен за директно доживување преку внатрешниот развој, поточно преку начин на размислување независен од сетилниот систем.[1][2] Се однесува на истражување на духовниот свет.[1]
Опис
Поимот антропозофија потекнува од старогрчките зборови „антропос“, што значи човек и „софија“, што значи мудрост. Антропозофијата не е религија, туку духовен пат заснован врз научната свест и знаењето, а со цел да се спознае духовната димензија на човекот и богатството на личноста. Целите и методите на антропозофијата се холистички, а развојот на личноста се негува на три нивоа: телесно, душевно и духовно на кои им одговараат трите елементи — мислата, чувствата и волјата, кои се развиваат според трите квалитети, познати како „три и“: интуиција, имагинација и интенција. Со имагинацијата се развива фантазијата, односно способноста да се создаваат фантастични и креативни слики и се развиваат симболичкото размислување и творештвото. Со интуицијата се поттикнува инстинктивното и непосредното согледување на суштината на нештата без да се рационализира процесот. Интуциијата го негува непосредното согледување на светот без искуствено учење. Интенцијата се однесува на внатрешната намера за зацврстување на волјата и развивање на личноста во правец на одговорноста, работните навики, упорноста, самодовербата итн. Учењето на Штајнер се применува во наставата во т.н. Валдорфови училишта, а некои познати личности кои посетувале настава во училиштата според системот на Штајнер се: глумиците Џенифер Анистон, Пенелопе Круз и Сандра Булок, режисерот и глумецот Кенет Брана, музичарот Том Јорк, уметникот Јозеф Бојс, физиологот Томас Кристијан Зидхоф итн. Мрежата на овие училишта брои 1 000 училишта и 2 000 детски градинки во повеќе земји. Првото Валфдорфово училиште е основано во 1919 година во Штутгарт. Во тоа време, индустријалецот Емил Молт, сопственикот на фабриката за цигари Валфдорф Асторија, загрижен за иднината на децата по Првата светска војна, по една средба со Штајнер, го основал првото вакво училиште.[3]
Remove ads
Поврзано
Белешки
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads