Пенелопе Круз

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пенелопе Круз
Remove ads

Пенелопе Круз Санчес (родена 28 април 1974 во Мадрид), попозната како Пенелопе Круз, е шпанска глумица, добитник на многу признанија, меѓу кои еден Оскар, награда БАФТА и четири награди Златен глобус. Започнала како танчерка но наскоро започнала работа со шпанската телевизија, и оттогаш се појавила во низа шпански, англиски, француски, италијански и португалски филмови.

Кратки факти Пенелопе Круз, Роден(а) ...

Позната е по нејзините чести соработки со шпанскиот режисер Педро Алмодовар во Живо месо (1997), Сѐ за мојата мајка (1999), Се враќам (2006), Раскинати прегратки (2009), I'm So Excited! (2013), Слава и бол (2019) и Паралелни мајки (2021).

За улогата во романтичната драма од Вуди Ален, Вики Кристина Барселона (2008), Круз ја освоила наградата Оскар за најдобра споредна женска улога. Нејзини други улоги номинирани за Оскар се Се враќам (2006), Девет (2009) и Паралелни мајки (2021). Други позначајни нејзини филмови се: Небо од ванила (2001), Удар (2001), Пиратите од Карибите: На чудни бранови (2011), Советник (2013), Убиство во Ориент-експрес (2017), Сите знаат (2018), Официјален натпревар (2022), L'immensità (2022) и Ферари (2023). За нејзината улога како Донатела Версаче во мини-серијата Убиството на Џани Версаче: Американска криминална приказна (2018), била номинирана за наградата Еми за ударен термин.

Remove ads

Животопис

Живот во раните години

Круз е родена во Сан Себастијан де лос Рејес, Мадрид, Шпанија. Нејзините родители се Едуардо Круз, продавач, и Енкарна Санчес, фризерка.[1] Уште како дете таа веќе е страсен актер, повторувајки ги ТВ рекламите за семејна забава, но сепак таа одлучува да ја насочи својата енергија кон данцувањето.[2] По студирањето на класичен балет цели девет години[3] на шпанската Национална Конзерваторија,[4] таа продолжува да тренира со низа познати танцувачи. На петнаесет годишна возраст, сепак, таа следи друга страст откако победува повеќе од триста други девојки на аудиција за таленти.[5] Притоа добива тригодишен тренинг на Шпански Балет со Ангела Гаридо.Исто така тренира џез данц со Раул Кабалеро и студира на училиштето Кристина Рота (мајка на Жуан Диего Бото) во Мадрид. Пенелопе течно зборува шпански, англиски, француски и италијански.

Кариера

Круз за првпат стекнува слава кога се појавува во видео клипот “La fuerza del destino” за шпанската група Мекано. Подоцна таа започнува љубовна врска со Начо Кано, член на оваа група.

Таа беше ТВ презентер за тинејџерски ориентираната емисија “La Quinta Marcha”.[6] Исто така таа имаше рано разоткривање во “Serie Rose”, француска еротска ТВ серија во која таа играше улога на слепа проститутка.[7] Таа исто така го режираше видео спотот на Начо Кано “El waltz de los locos” , во 1994.

Првиот голем филм на Пенелопе Круз беше “Jamon, jamon” и “Belle Epoque”, филм кој освои Оскар за Најдобар странски филм.

Во 1997, таа ја глуми Софија Пангиа, покрај Едуардо Нориега во “Abre los ojos” режисиран од Алехандро Аменабар,[8] а во 2000 година глуми заедно со Мет Дејмон во “All the Preatty Horses”. Во 1999, таа глуми во филмот на Педро Алмодовар, “Todo sobre mi madre”, кој освојува Оскар за Најдобар Странски филм.

Во рана 2000 година таа глуми во филмот Vanilla Sky, холивудскa преработка на “Abre los ojos”. Таа ја игра истата улога во двата филма. Последниот филм на Круз во 2001 година беше Мандолината на капетан Корели, филмска адаптација на истоимениот роман. Во 2002 година, имала мала улога во Будење во Рино.

Круз глуми заедно со нејзината најдобра пријателка, Селма Хајак, во филмот од 2006 година, “Bandidas”.[9]

Во 2006 година Круз добива високо рангирани критики за нејзината глума во филмот Volver на Педро Алмодовар.[10] Таа освојува награда за Најдобра Глумица на годината на Филмскиот Фескивал во Кан, и беше номинирана за Оскар, Златен Глобус и BAFTA Награда. Таа е првата шпанска глумица која е номинирана за Оскар за Најдобра главна улога во женска категорија.[11]

Во мај 2007 година беше најавено дека Пенелопе и нејзината сестра Моника ќе дизајнираат колекција за Барселонскиот моден ланец Mango. На 7 јули 2007 година Круз беше една од водителките на Live Earth трансконтиненталното шоу.

Личен Живот

Круз е во брак со шпанскиот глумец Хавиер Бардем. Таа глумела заедно со Бардем во нејзината пробивна улога Jamón jamón (1992), а и во Вики Кристина Барселона (2008).[12] Глумеле и во филмот „Советник“ од 2013 година, како и во „Сите знаат“ во 2018 година. Круз почнала да се забавува со Бардем во 2007 година и се венчале на почетокот на јули 2010 година на приватна церемонија во домот на нивен пријател на Бахами.[13] [14] Имаат син, Лео Енцинас Круз, роден во јануари 2011 година во Лос Анџелес,[13] и ќерка, Луна Енцинас Круз, родена во јули 2013 година во Мадрид.[15] По раѓањето на нејзините деца, таа станала поборник за доење во јавност.[16]

Пенелопе Круз има помлад брат, Едуардо, кој е пејач, и помала сестра Моника, која многу личи на Пенелопе, сличност која е многу искористувана во некои шпански ТВ реклами. Во 2000 година Моника ја напушти танчерската кариера и беше забележана од јавноста во тинејџерски ориентираната ТВ серија “Un Paso Adelante”.

Пенелопе тврди дека е вегетеријанка од 2000 па напаму, иако овој факт е доста сомнителен и оспоруван. Таа зборува четири јазици: шпански, италијански, француски и англиски. Круз исто така има донирано доста пари и време во хуманитарни акции. Во 1997 таа волонтираше во Уганда во времетраење на два месеца.

По глумењето во 2001 во филмот Vanilla Sky заедно со Том Круз, тие започнаа тригодишна љубовна врска. Тие се разделија во јануари 2004 година.[17] [18]

По снимањето на “Sahara” во февруари 2005 година, таа започна врска со Метју Меконагли. Во мај 2006, тие изјавиа заедничка изјава за People, велејки дека “одлучиле да земат одмор од нивната врска”. Подоцна истата година тие изјавиа дека “повеќе не се блиски и дека разделбата е најдоброто нешто што можат да го сторат во тој момент”. Пенелопе Круз имаше кратка врска со глумецот Орландо Блум во 2006 година.

Иако од една страна таа е блиска пријателка со глумицата Селма Хајак, Круз исто така е блиска пријателка и со колумбиската пејачка Шакира.

Во април 2007 Пенелопе, која сега има 32 години, која сега не е во врска, изјавува: “Секако дека сакам да имам деца” за шпанскиот весник на Марија Клер во априлското издание. “Сакам да имам свои деца, но исто така би сакала и да посвојам дете. Веќе некое време имам чувство дека мојот живот нема да биде целосен ако не посвојам дете”.

Remove ads

Позначајни Филмови

Повеќе информации Година, Филм ...
Remove ads

Номинации и Награди

Оскари

  • Во 2007 беше номинирана за Оскар за Најдобра Главна Улога во женска категорија за нејзината улога во филмот “Volver” (Волвер) од 2006 година
  • Во 2009 добила Оскар за најдобра глумица во споредна улога, за филмот Вики Кристина Барселона (2008)
  • Во 2010 била номинирана за Најдобра глумица во споредна улога за филмот Девет (2009)
  • Во 2022 била номинирана за најдобра глумица во главна улога за филмот Паралелни мајки (2021)

ALMA Награди

  • Во 1999 година беше номинирана за АЛМА награда за Најдобра Глумица во филмот “Hi-Lo Country” од 1998 година
  • Во 2002 година исто така беше номинирана за ALMA награда за Најдобра Глумица во филмот “Vanilla Sky” од 2001 година

BAFTA Награди

  • Во 2007 година беше номинирана за BAFTA награда за Најдобра Глумица во Главна улога во филмот “Volver” (Волвер) од 2006 година

Филмскиот Фестивал во Канес

  • Во 2006 година на Филмсиот Фестивал во Канес освои награда за Најдобра Глумица за филмот “Volver” (Волвер), награда која ја делеше со Кармен Маура, Лола Дуенас, Бљанка Портиљо и Јохана Кобо

Европски Филмски Награди

  • Во 1999 година беше номинирана за награда за Најдобра Глумица за филмот “La niña de tus ojos” (Девојката од Твоите Соништа)
  • Во 2001 година беше номинирана за награда за Најдобра Глумица за филмот “Capetan Corelli’s Mandolin” (Мандолината на Капетанот Корнели)
  • Во 2006 година беше ниминирана за награда за Најдобра Глумица за филмот “Non ti muovere”
  • Во 2006 година беше номинирана за наградата Најдобра Глумица за филмот “Volver”

Златен Глобус

  • Во 2006 година беше номинирана за наградата Златен Глобус за Најдобра Глумица во Драматична Улога за филмот “Volver” (Волвер)

Goya Награди

  • Во 1993 беше номинирана за награда за Најдобра Глумица во Главна Улога за филмот “Jamon, Jamon”
  • Во 1999 година освои награда за Најдобра Глумица за филмот “La niña de tus ojos” (Девојката од Твоите Соништа)
  • Во 2005 година беше номинирана за награда за Најдобра Глумица во Главна Улога за филмот “Non ti muovere”
  • Во 2007 година освои Goya Награда за Најдобра Глумица во Главна Улога за филмот “Volver” (Волвер)
Remove ads

Наводи

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads