Ајдонохор
село во Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ајдонохор или Ајдарохор (грчки: Αηδονοχώρι, Ајднохори) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 31 жител (2021).
Remove ads
Географија
Селото е сместено 3 км западно од гратчето Лапчишта, крај патот за Коница и Јанина.[2]
Историја
Во Отоманското Царство
На крајот на ХІХ век Ајданохор било чифлигарско село во Населичката каза. Наречено е по некојси Ајдар кој некогаш бил сопственик на чифликот.[3]
Ајдонохор е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век. Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 г. во селото (Αηδοχώρι) живееле 150 Грци христијани.[4]
Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1904 г.[5]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 213 жители.[6] Во 1920 г. населението се намалило на 181 жител. Во следниот период тука е доселено едно грчко доселеничко семејство со 3 лица, па во 1928 г. селото имало 131 жител.[2]
Во 1940 г. населението се зголемило на 343 жители, но набргу потоа почнале бранови на иселување во поголемите градови. Така, во 1951 г. бројот на жители се преполовил на 153, а во 1971 г. доживеал повторно преполовување, овојпат на 70 лица.[2] Во 1966 г. на местото на старата разурната црква „Св. Атанас“ е изградена нова.[7] Иселувањата продолжиле и во следните десетлетија.
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Населението се занимава со земјоделство. Одгледува жито и други култури.[2]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads