Ајс Спајс
американска раперка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ајзис Најџа Гастон (англ. Isis Naija Gaston; родена на 1 јануари 2000) професионално позната како Ајс Спајс (англ. Ice Spice) - американска раперка. Музичката кариера ја започнала во 2021 година, откако претходно се запознала со продуцентот RiotUSA.
Ајс Спајс се пробила на музичката сцена кон крајот на 2022 година со нејзината песна „Munch (Feelin' U)“, која имала вирална популарност на TikTok. Откако потпишала договор со 10K Projects таа го објавила нејзиното прво ЕР, Like..? (2023). Нејзината популарност се зголемила со нејзините соработки со други пејачки; „Boy's a Liar Pt. 2“ (со PinkPantheress), „Karma“ (со Тејлор Свифт) и „Barbie World“ (со Ники Минаж и Аква). Во 2024 го објавила нејзиниот прв студиски албум, Y2K!.[3][4]
Музичките критичари го забележале опуштениот стил на рапување на Ајс Спајс. Во 2023 година, Тајм ја опишал како „Ѕвезда во пробив“.[5] Билборд ја прогласил за „Новата принцеза на рапот“.[6] Таа добила MTV Video музичка награда за „Најдобар нов изведувач“, People's Choice Award за „Нов изведувач на годината“ и Impact Award од R&B/Hip-Hop наградите во организација на BMI,[7] а исто така била номинирана за четири Греми награди меѓу кои и за „Најдобар нов изведувач“.
Remove ads
Живот и кариера
Ајзис Најџа Гастон е родена на 1 јануари 2000 година во Бронкс,Њујорк.[8][9] Таа била најстара од петте браќа и сестри.[10] Нејзиниот татко, поранешен рапер, е Афроамериканец, а нејзината мајка, која ја родила Ајзис на 17-годишна возраст,[11] е Доминиканка. Нејзините родители се развеле кога Ајзис имала 2 години.[12][13][14][15] На 7-годишна возраст, таа го засакала хип-хопот откако ги слушала раперите како: Лил Ким, Ники Минаж и други. Во основно училиште почнала да пишува поезија и рап во слободен стил. Во интервју за Билборд, Ајзис рекла дека пораснала слушајќи ги: Џеј Зи, 50 Сент и Ву-Танг Клан.[6]
Ајс Спајс започнала да рапува во 2021 година откако се запознала со продуцентот RiotUSA.[16] Тој ја продуцирал нејзината прва песна „Bully Freestyle“, објавена во март 2021 година, откако видеото на Ајс Спајс додека го исполнува предизвикот „Buss It“ станало вирално на Твитер.[17] Нејзината песна „Name of Love“ добила емитувања на SoundCloud, а како резултат на тоа таа станала популарна на Инстаграм.[18]
На 10 август 2022 година, Ајс Спајс ја објавила песната „Munch (Feelin' U)“ како водечки сингл од нејзиното тогаш ненасловено прво EP, Like..?. Песната станала популарна откако добила поддршка од Дрејк, кој ја пуштил песната на неговата радио станица.[19] Потоа станала вирална на Твитер и на ТикТок и се пласирала на Билбордовите топ-листи Hot R&B/Hip-Hop Songs и Bubbling Under Hot 100.[20][21][22] Во септември 2022 година, таа потпишала договор со 10K Projects и Capitol Records.[23] Првото ЕР на Ајс Спајс, Like..?, било објавено на 20 јануари 2023 година и ги содржел сингловите „Munch (Feelin' U)“, „Bikini Bottom“ и „In Ha Mood“.[24]
Во февруари 2023 година, Ајс Спајс соработувала со Лил Тџеј на трибјут-синглот „Gangsta Boo“ од истоимениот рапер; ова станала нејзина прва песна која се пласирала на Billboard Hot 100 (82 место).[25] На 3 февруари 2023 година, пејачката PinkPantheress објавила ремикс на песната „Boy's a Liar Pt. 2“ во кој учествувала и Ајс Спајс. Песната се искачила на трето место на Billboard Hot 100, највисоката позиција на топ-листите и за двете пејачки во тоа време.[26] Во април 2023 година, таа го објавила ремиксот на „Princess Diana“ во соработка со Ники Минаж.[27] Песната се искачила на четвртото место на Hot 100.[27] На 24 мај 2023 година, бил најавен ремикс на песната од Тејлор Свифт „Karma“ во која учествувала и Ајс Спајс. Ремиксот бил бонус песна на специјалните изданија од десеттиот студиски албум од Свифт, Midnights (2022).[28] Музичкото видео за ремиксот, со Свифт и Ајс Спајс, било објавено на 27 мај. „Karma“ се искачила на второ место на Hot 100, а Ајс Спајс со тоа станала изведувач со најмногу топ-5 хитови на Hot 100 во 2023 година.[29] На 26 јуни, Ајс Спајс во соработка со Ники Минаж го издала „Barbie World“ кој дебитирал на 7-мо место на Hot 100.[30] Делукс верзијата на Like..? , со пет нови песни, била објавена на 21 јули 2023 година.[31] Во јануари 2024 година таа го издала синглот „Think U the Shit (Fart)“ како водечки сингл од нејзиниот претстоен албум Y2K!.[4]
Remove ads
Дискографија
Албуми
- Y2K (2024)[32]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads