Белоградчишки Стени

From Wikipedia, the free encyclopedia

Белоградчишки Стени
Remove ads

Белоградчишки Стени (бугарски: Белоградчишки скали) – група се песочникповрзани седиментни стени и конгломератски формации кои се наоѓаат на западните падини на Стара Планина, во северозападниот дел на Бугарија во близина на градот Белоградчик, по кој овие стени и го добиле името. Боите на стените варираат од црвена до жолта, а во висина некои достигнуваат и 200 м. Белоградчишките Стени имаат необичен облик, поврзани се со занимливи легенди и често именувани по луѓето и предметите на кои ги потсетуваат. Бугарската влада ги прогласила за природно наследство и тие претставуваат главна туристичка атракција во Видинската Област. На овие стени расте загрозениот ендемски вид во Бугарија, Hieracium belgradense.[1]

Кратки факти Белоградчишки Стени Белоградчишки скали, Највисока точка ...
Remove ads

Географија

Белоградчишките Стени се простираат преку западниот дел на Стара Планина и покриваат површина од 50 [[км2]]. Се протегаат од селото Рабиш на запад до селото Белотинци на исток.

Централната група од овие стени се наоѓа во јужниот дел, во близина на градот Белоградчик. Другата група стени се наоѓа западно од градот Белоградчик и се опкружени со стрмни падини. Третата се наоѓа 4 км источно од градот Белоградчик и ги опфаќа стените околу Латинската Капија и Липеничката Пештера, додека четвртата група е стационирана меѓу селата Боровица и Фалковец. Петтата група стени се наоѓа меѓу селата Гургич и Белотинци.[2]

Remove ads

Геологија

Многу од овие стени со стрмни вертикални падини биле формирани пред неколку стотини милиони години, како резултат на природните процеси на ерозија, делувијален процес и други природни фактори.

Во текот на тријаскиот период, овој предел бил под море. Истовремено, уништување на пораните палеозојски стени образувало огромни количини чакал, песок и глина, што реките го депонирале во морскиот базен. Седиментот се натрупувал и постепено станал подебел слој конгломерат и песочник

Во текот на периодот јура, сувата клима и високите температури образувале голема количина железен оксид, што на стените им дало црвена боја.[3]

Remove ads

Туризам

Белоградчишките Стени се главно туристичко одредиште во северозападниот дел на Бугарија заедно со Белоградчик, Белоградчишката тврдина, пештерата Магура, која се наоѓа во околина на селото Рабиш и тврдината Баба Вида која се наоѓа во непосредна близина на градот Видин.

Бугарскиот комитет за заштита на природната околина, ги прогласил стените за споменик на природата во 1949 година, а наведени се во Бугарскиот национален регистер на природни знаменитости во 1987 година.[4]

Во 1984 година Белоградчишките Стени и пештерата Магура се поставени на привремениот список на Светското наследство на УНЕСКО.[5] Белограчишките Стени се во процес на разгледување за ставање под геопарк во рамките на Европската мрежа на геопаркови во рамките на УНЕСКО-вата мрежа на геопаркови.[6][7]

Во септември 2008 година, Белоградчиштките Стени влегле меѓу 20 финални локации во рамките на Европското одредиште на извонредност, а во јануари 2009 година, именувани се во кампањата за 7 чуда на природата во Бугарија.[8][9]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads