Белотртка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Белотртка
Remove ads

Белотртка[2][3] или белогаска (науч. Oenanthe oenanthe) — мала врапчевидна птица која порано беше сместена во семејството на дроздовите Turdidae, но сега е во семејството на муварчињата Muscicapidae. Таа е најраспространета птица од родот Oenanthe низ Европа и Азија. Ја има и во Македонија.

Кратки факти Белотртка, Заштитен статус ...

Оваа птица е преселница која поминува едно од најдолгите растојанија од околу 30.000 км. Се храни со инсекти, се размножува низ каменитите отворени предели во Европа и Азија, како и во североисточниот дел на Канада и Гренланд и во северозападниот дел на Канада и Алјаска. Гнезди во пукнатините на карпите и зајачките јами. Сите птици зимуваат во Африка.

Remove ads

Таксономија и систематизација

Овој вид за првпат беше опишан од Linnaeus во неговата Systema naturae во 1758 како Motacilla oenanthe.[4] Родовото име, Oenanthe, е исто така име на род растенија, кое потекнува од старогрчкото ainos - вино и anthos - цвеќе, од мирисот на цвеќето кое потсетува на вино.[5] Во случајот со птиците, името асоцира на тоа дека тие се враќаат во Грција напролет, токму кога лозите цветаат.[6]

Се издвојуваат следните подвидови:

  • номинираниот oenanthe
  • гренландскиот leucorhoa
  • Сибомовиот seebohmi
  • јужниот libanotica
  • критскиот virago
  • египетскиот rostrata
Remove ads

Опис

Thumb
Со перје вон сезона на парење

Белотртката е поголема од црвеногушката, со должина од 14,5 до 16 см. Двата пола имаат бел задник и опашка, со наопаку свртено Т црна шара на крајот од опашката.

Пердувите на мажјакот во сезоната на парење се сиви одозгора, со жолтеникав врат, црни крилја и маска на лицето. Наесен тој наликува на женката, освен со црните крилја. Женката, пак, е бледо кафеава одозгора, жолтеникава одоздола и има потемно кафеави крилја. Песната на мажјакот е свиреж со потпукнување. Повикот е типично разговорлив чек звук.

Remove ads

Поведение

Преселба

Thumb
Мажјак во Исланд

Белотртката има една од најдолгите миграции од малите птици, поминувајќи океани, мраз и пустини.[7] Во пролет се сели од под Сахара преку широка област до северната полутопка која ги вклучува северна и Средна Азија, Авропа, Гренланд, Алјаска и дел од Кнанада.[7] Наесен се враќаат во Африка, каде и нивните предци зимувале.[7] Веројатно, некои птици кои се размножуваат во северна Азија, зимуваат во јужна, но, сепак, нивната наследна склоност повторно ги враќа во Африка.[7]

Птиците од гренландската раса leucorhoa, вршат една од најдолгите миграции од врапчевидните. Минијатурните уреди за следење, неодамна покажаа дека тие имаат една од најдолгите миграции воопшто меѓу птиците од 30.000 км.[8]

Thumb
Oenanthe oenanthe oenanthe

Статус

Белотртката има широк опсег од околу 2.3 милиони км² и популација од 2.9 милиони единки вкупно. Според Црвениот список се смета за вид со најмала загриженост.[1]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads