Бостанџиовци

поранешно село во Преспанско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Бостанџиовци
Remove ads

Бостанџиовци — поранешно село во Преспанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција.

Кратки факти Бостанџиовци, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало во областа Голема Преспа и денес е маало на Р’мби.

Историја

Бостанџиовци било македонско село, кое многу подоцна станало албанско. Се споменува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Боштани, хас на падишахот, со 16 христијански семејства и 16 ергени христијани.[1] При крајот на XVIII или почетокот на XIX век власта тука доселила Албанци[2]

Во XIX век Бостанџиовци било албанско село во Долнопреспанската нахија на Битолската каза. За време на Илинденското востание во 1903 г. Бостанџиовци е нападнато од македонски чети. Со време селото станало маало на Р’мби.

За време на Првата балканска војна селото е окупиарно од грчка војска, а по Втората балканска војна Бостанџиовци влегло во состав на Грција.

Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор, населението како муслиманско било принудено да се исели во Албанија, а на негово место се доведени 8 грчки семејства од Кавказ.[3] Со егзодусот на Македонците од Р’мби, овие на овие семејства им бил доделен нивниот имот во главнината на селото.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads