Веларизирана венечна странична приближна согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Веларизираната венечна странична приближна согласка (наречена „темно л“) е вид на согласка присутна во некои јазици. Пропишаниот симбол во меѓународната фонетска азбука за овој глас е ⟨lˠ⟩, но почесто се среќава наменскиот симбол ⟨ɫ⟩.
Во македонскиот јазик, темното л се среќава пред задните самогласки (/a o u/) и на крајот од слогот. Пример е зборот „лук“.
Зависно од јазикот и дијалектот, овој глас може да претрпи фарингализација наместо веларизација. Веларизацијата и фарингализацијата најчесто се врзани за позабни творби на преднојазичните согласки, така што темното л обично е забно или забно-венечно, додека чистото л е повлечено на венечна положба.[1]
Remove ads
Особености
Веларизираната венечна странична приближна согласка ги има следниве особености:
- Начинот на творба е приближен, што значи дека се добива со приближување (стеснување) на гласниот апарат во местото на творба, но не доволно за да се создаде бурен воздушен тек.
- Местото на творба е забно или венечно, што значи дека се создава со врвот (или, поретко,[2] со рамнината) на јазикот во допир со забниот венец. Како споредна творба има веларизација или фарингализација, што значи дека задниот дел (основата) на јазикот се доближува до мекото непце, односно задниот дел од грлото.
- Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
- Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
- Согласката е странична, што значи дека се добива со насочување на воздушниот тек по страните на јазикот, наместо по средината.
- Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Remove ads
Јазици
Remove ads
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads