Задна самогласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Задна самогласка е вид на самогласен глас во извесни јазици. Карактеристично за задната самогласка е тоа што јазикот се става што е можно поназад во устата без да направи препрека која би ја направила согласка. Понекогаш се нарекуваат и темни самогласки бидејќи оддаваат впечаток како да звучат потемно од предните.[1]
Во македонскиот јазик, задни самогласки се у и о.[2][3] Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве задни самогласки:
- затворена задна незаоблена самогласка [ɯ]
- затворена задна заоблена самогласка [u] (мак. у)
- полузатворена задна незаоблена самогласка [ɤ]
- полузатворена задна заоблена самогласка [o]
- полуотворена задна незаоблена самогласка [ʌ]
- полуотворена задна заоблена самогласка [ɔ] (мак. о)
- отворена задна незаоблена самогласка [ɑ]
- отворена задна заоблена самогласка [ɒ]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads