Весна Малинова
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Весна Малинова (р. Штип) — македонска композиторка и поетеса.[1]
Remove ads
Кариера
Првите нејзини песни ги објавила во 1999 година (композиција и текст), и од тогаш реализирала над 400 песни, (композиции и/или текстови и препеви и аранжмани) во изведба на бројни музичари, меѓу кои Дани Димитровска, Кристина Арнаудова, Каролина Гочева, Тоше Проески, Ѓоко Танески, Александра Пилева, Влатко Илиевски, Роберт Билбилов, Биба Додева, и многу други. [2][3][4]
Малинова, како автор (музика, текст, аранжман, придружен вокал или уметнички продуцент), остварила соработки и дела кои се застапени на голем број официјални музички изданија (албуми) на македонските музичари, а дел од нив имаат и интернационални изданија.[1][2][3]
Се вклучила волонтерски во проектот „Растеме заедно“;[5] а го работела и препевот на првиот јуниорски бродвејски мјузикл изведен на македонски јазик „Ени Јуниор“.[6][7] Малинова исто така има повеќе препеви на македонски јазик, на песни од авторите Момчило Бајагиќ - Бајага, Дино Мерлин, Марија Шерифовиќ, Даниел Кајмаковски, и други.[8]
Во песните на Малинова се проткајуваат повеќе жанрови и мелодиски и зборовно, од лирски, шлагерски, поп, рок, поп-рок, раскажувачки, лесни и длабоко емоционални.[9]
Голем дел од нејзиното творештво се појавил на музичките фестивали во регионот, како што се:
- Макфест – фестивал [1]
- МРТВ – Скопски фестивал [10]
- МРТВ – Избор на песна за евровизија – Евросонг [11]
- Охридски трубадури – фестивал [12][13][14]
- Сунчане скале „Sunčane skale - pjesma ljeta“ [15]
- Детска Евровизија [16]
- Златно славејче [17]
Remove ads
Награди и признанија
Весна Малинова добила повеќе национални признанија и околу дваесеттина фестивалски награди, награди на разни музички манифестации, меѓу кои Златни Бубамари на популарноста, за најдобар композитор и текстописец и за „Албум на годината“, како и многубројни награди за најдобар текст и друго. [14]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads