Виножито (политичка партија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Виножито (грчки: Ουράνιο Τόξο, Ouránio Tóxo) — политичка партија на Македонците во Егејска Македонија.[1]
Оваа статија се однесува на политичката партија на Македонците во Грција. За други значења, погл. Виножито (појаснување).
Оформена е на 8 септември 1995 година, во Лерин.[1][2][3] Виножито не се смета себеси за сепаратистичка партија, тврдење кое го застапува грчката влада[се бара извор]. Седиштето на партијата е во градот Лерин. Виножито е членка на Европската слободна алијанса, а од 2022 е членка и на ФУЕН (Федерација на европските националности).[3]
Партијата и нејзините активисти се осудувани, нивните партиски канцеларии се опожарувани и ограбувани[4]. Тие се под постојан напад и притисок од страна на грчките медиуми[4].

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда според која Грчката влада е виновна за прекршување на Европската конвенција за човекови права во однос на политичката партија. Судот и наложи на Грчката влада да и исплати на партијата компензација на износ од €35.000, кои организацијата Виножито ги искористи за повторно издавање на Букварот (Абецедарот) на македонски јазик, направен од грчката влада уште во 1925 година, под притисок на Лигата на народите, кој беше успешно претставен во Солун и Атина кон крајот на 2006 година со голема поддршка на Македонците од Егејска Македонија и голем број на грчки интелектуалци.[5]
Remove ads
Резултати од избори

Во своето учество на изборите, Виножито ги покажала следниве резултати:
- Избори за европски парламент во 1999 година - 4.951 гласови или 0,08%.
- Локални избори во 2002 година - избран е еден советник во Леринскиот округ.
- Избори за европски парламент во 2004 година - 6.176 гласови или 0,098%.
- Локални избори во 2006 година - неколку претставници се избрани, меѓу нив и советник во Леринскиот округ.
- Избори за европски парламент во 2009 година - 4.514 гласови или 0,086%.
- Избори за европски парламент во 2014 година - 5.759 гласови
- Избори за европски парламент во 2019 година - 6.412 гласови или 0,11%
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads